АКО НЕ МЕ САКАШ – ОДИ СИ

АКО НЕ МЕ САКАШ – ОДИ СИ

На интернационалната  вечер  најголемото  внимание на публиката го сврета  песните на  гркинката  Елизабет  Христоу, дуетот  Оџаклиевска –Акулов, Трито Џентлмен и настапот на  Владо Калембер и Ина Гардијан

Последната вечер  од ИНтернационалнит музички фестивал *Охридки трубадури* беше  круна на тридневната програма ( ФОЛК,ПОП и ИНтернационална вечер) во  рамките на која беа презентирани преку 60 мелодии исполнети од македонски интерпретатори и пејачи од балканските земји.Секако дека најмногу  добри вокални изведби и  настапи имаше на ИНтернационалната вечер на која *силите* ги измерија  македонските автори (наградени на Поп вечерта) и странските  композитори и пејачи.

Најголемо изненадување и воодушевување на публиката  предизвика грчката пејачка  Елизабет Христоу  која со  енергична интерпретација на песната *Ако не ме сакаш*ги освои аплаузите на  публиката и се разбира  првата  награда од публиката и втората награда од жирито.

Маја  Оџаклиевска со песната *Оди си* која ја исполни во дует со русинот  Иван Акулов  ја освои првата награда на жирито и втората награда од  публиката.

Маја   раскажува како дошла до  дуетот со рускиот  пејач Иван Акилов.

– Ја слушнав  песната *Оди си* испеана на руски јазик.Многу ми се допадна и се потрудив да го пронајдам авторот.Му ги кажав моите импресии од мелодијата и му реков  дека би сакала песната јас да ја снимам секако ако тој тоа ми го дозволи.А  Иван веднаш ми рече;  Нема проблем за дозвола, но зошто песната   јас и ти да не ја испееме во дует.И  тоа се случи

Другите награди    им припаднаа на песните * Немој  да  ме  чекаш  (*Трио Џентлмен* трета награда на публика ) и  на *Жена* ( Ѓоко  Ѓорчев ,трета награда  на жири).

Наградата * Мато Дошен *за најдобар аранжман ја  освои  Селами Положани, за најдобра интерпретација – Нуша Деренда-Словенија а наградата за најдобар сценски настап- Ина Гардијан

На ПОП  вечерта  наградатие на жирито  ги освоија  ,првата Горан Милошоски,втората и третата на Моротов бенд  и Трио Џентлмен  а  наградтие на публиката   првата на Пепа а втората и третата –  Влатко Илиевски  и Трио Џентлмен

 

 

 

 

 

 

 

Вашето мислење