Бобан Рајовиќ : Шоу на Фолк вечерта и бесплатно ЦД за гледачите

Бобан Рајовиќ : Шоу на Фолк вечерта и бесплатно ЦД за гледачите

Бобан Рајовиќ дел од  своите балкански хитови , како што се песните “Провокација”, “Падобран”, “Кишa лијe”.”Нико није као ја “,” Бараба”,  или “ Усне боје вина “   ќе  исполни во својот мини концерт кој ќе се одржи во рамките на програмата на Фолк вечерта.Покрај тоа  тој на посетителите на летната сцена Долни Сарај во Охрид  ќе им подари  ЦД со неговите хитови.
Бобан Рајовиќ  е роден  1971 година во Копенхаген, главниот град на Данска. Како дете, многу ги сакал музиката и фудбалот. Во осмата година од својот живот со своето семејство се преселува во Беране, потоа живеел  во Подгорица а на шеснаесет годинишна возраст   со семејството се враќа во родниот град. Потоа заминува за  Копенхаген,  каде работел се и сешто  од работник  во фабрика  дo такси возач.
Во 2000 година, кога се преселува во Белград, се свртува кон музиката  и го снима свјот  прв албум едноставно наречен “Бобан”

Вториот албум “Пукло срце” се појавува  во 2003 година  а вистинскиот бум во својата кариера тој го прави во 2006 година со третиот албум “Провокација”.Потоа следуваат албумите  “ Усне боје вина “ (2007) , “ Косачи “ (2008), ” Најбоље до сада “  (2009),  “Мјењам “   (2010),  “ Војник заблуда “ (2013)

-Признавам дека не беше лесно, но на крајот се исплатеше вели Бобан Рајовиќ но  и ако  повторно би  почнувал од почеток ,  повторно би го работел  истото.Бидејќи не постои подобро чувство отколку кога знаеш дека она што  си го постигнал  во животот, си го постигал сам ,со многу напорна работа и откажувања па затоа денес за мојот успех  не му   должам никому .Се разбира, дека се ќе бeше многу потешко, а можеби и невозможно ако  за цело време ја немав несебичната и целосна поддршка  од семејство, сопругата  Драгана, ќерките Ивана и Ангела и синот Андреј.

 

 

 

Вашето мислење