За фестивалот

За фестивалот

Интернационалниот музички фестивал“ Охрид фест- Oхридски трубадури„ е  еден од најдобрите и најреномирани музички фестивали на Балканот. .Во рамките на фестивалот  се презентираат песни за најмладите – во прогамата  „Чунга лунга, потоа фестивалот нуди програма  во која можете да слушнете новосоздадени песни во духот на македонскиот  фолклор,….  Поп вечерта е резервирана за македонскиот шлагер додека на   Интернационална програма   македонските автори и  интерпретатори си ги   измеруваат своите квалитети  и потенцијали  со странските пејачи .Сето тоа  како и сликите  на убавините на Охрид и  Охридското езеро,  го  гледа   и слуша   милионски аудиториум од  Љубљана  до Владивосток, односно  од Љубљана до Анкара.Оваа несекојдневна афирмација не само на   македонското музичко творештво  се  реализира  на тој начин  што директниот телевизиски пренос    постојано го преземаат  десетина  странски телевизии ,

Фестивалот во досегашната историја се афирмира  како своевидно музичко богатство, како непресушен извор на македонската забавна и народна музика. За илустрација ќе наведеме само една бројка : Фестивалот во едно издание  продуцира преку  100 нови композиции односно – во досегашните  22 изданија – преку 2200 песни.

 Бројни се хитовите што станаа евергрини, песните преку кои многу македонски музичари ги почнаа, афирмираа и изградија своите кариери. Тоа се однесува не само на изведувачите – вокалисти, туку тука израснаа и се докажаа бројни композитори и аранжери. Без да се претерува може да се каже дека ‘‘Охридски трубадури ‘‘ е најгледаниот македонски музички фестивал во странство, за што сведочат бројни признанија од телевизиите кои го пренесуваат, како и од бројните позитивни реакции од Македонците што живеат во другите земји.

 *Охридки трубадури*  покрај музичката продукција на нови песни,   во  многу придонесува,  со терминот на своето одржување , да се продолжи туристичката сезона во Охрид  и охридското крајбрежје, односно да се зголеми  бројот на туристите .