Горан Кукиќ на “Охридски трубадури 2016” со песната “Не е доцна”

Горан Кукиќ на “Охридски трубадури 2016” со песната “Не е доцна”

Горан Кукиќ

По победата  во шоуто  “Никад није  касно”,пејачот од Струмица ќе настапи на Фолк вечерта на  “Охрид  фест – Охридски трубадури”.Горан Кукиќ со своите вонсерискии интерпретации на песните   “Одисеја” , “Остала си увјек иста”,”Лола”,  “Обриши сузе драга”  ги освои не само членовите  на жирито  на првото  балканско  шоу на  ТВ  Прва  туку и на големиот  телевизиски аудиториум. Струмичкиот пејач ја освои првата награда  на публиката   која преку смс пораки му додели најмногу гласови.Исто така ,нему му припадна и наградата од  стурчното жири за најдобра интерпретација на  забавните мелодии од бившите југословенски простори.На годинешниот итернационалниот музички фестивал  “Охридски трубадури”, во рамките на Фолк вечерта ,Горан Кукиќ прмиерно ќе ја исполни песната  “Не е доцна “

 

Вашето мислење