Добрила Чабриќ : На 90 години, кам бек во театарот и естраданата сцена

Добрила Чабриќ : На 90 години, кам бек во театарот и естраданата сцена

Добрила Чабриќ е вистински феномен Таа на  90-годишна возраст вози кола,  неверојатно е витална, со темперамент и енергија на кои што можат да и завидат  и многу помлади.“Никогаш не е доцна” , максимата која често се користи како убедување дека годините не се пречка во остварување на одредена желба или замисла, го доби своето целосно значење со нејзиното учеството во истоименото српско шоу. Таа стана победничка на шоуто, и се би било сосема обично, доколку не станува збор за феномен- нејзината година на раѓање е запишана пред 90 години.

Ѕвездената слава што ја стекна на балканско ниво, продолжува во една нова приказна, со нови песни, нови настапи. Дамата којашто ги освои срцата на тв  гледачите, наскоро ќе имаат можност да ја слушнат и видат и македонските љубители на музиката   во фолк вечерта на јубилејните  ” Охридски трубадури ” кои ќе се одржат од 6 до 8  септември. Самата таа вели дека е одушевена од песната “Болат годините”,  што деновиве ја сними, потпишана од Григор Копров на текст од  Огнен Неделковски.

.  Како дојдовте на идеја да запеете  на 25-то издание   на интернациналниот фестивал “Охрид фест – Охридски трубадури“? 

– Јас всушност и не ги следев фестивалите ,воопшто не ми беа важни. Сега сум среќна што ќе настапувам. Едвај чекам  по  толку  години  да настапам на  еден голем музички фестивал.Песната што ќе ја пеам,  е многу, многу убава блика со голема емотивност ….Ќе биде снимена  во две верзии-македонска и српска.По  Охридскиот фестивал имам покана за учество на еден голем меѓународен фестивал во Варна, од 11 до 13 септември  и многу се радувам што по толку години ќе ја видам Варна. Во Бугарија имав  големи турнеи во 1970 и 1971 година, ги знаев и сите градови и големи и мали места.

Како се случи вашиот настап во тв шоуто “Никад није касно”?

-Изминативе години не  бев заинтересирана за учество на фестивали. Оваа што се случи со “Никад није касно”  тоа е една голема случајност, за која  не верував дека ќе има таков одѕив – дека ќе ми се случи толкава популарност. Ако ми верувате, до 6  часот наутро на фејсбук им пишувам одговори на луѓето од цел Балкан. Мене ме понесуваат таквите коментари. Инаку, откако постои шоуто пријатели ме убедуваа  да се пријавам на аудиција ама јас не ја ни гледав емисијата. Не бев заинтересирана за тв шоу, ниту нешто посебно ме влечеше. Оваа година моја пријателка инсистираше да се пријавам, ајде, ајде ,ајде, ајде. …..Кога влегов во  Канал 5  телевизија каде  што се одржуваше аудицијата,што да видам?  Виолета Томовска, со која пред 50-60 години имавме турнеја во Србија. Понатаму ….што се случи – се случи,  сите беа изненадени а и јас бев изненадена од целата таа еуфорија. Повторно ја почувствував таа естрадна сцена како некогаш кога пеев во Русија, Бугарија, Италија, Париз….на настапите  со Лари Нанос, со кого бевме дует

 – Колку песни имате снимено? 

-Имам снимено четири лонгплејки,  десетина сингл плочи, на пет јазици-српски, грчки, руски, италијански и англиски јазик.

Ќе снимате нов албум?      

-Да, да ако Копров има интерес, да се завземе за нови песни, јас сум подготвена. Сакам дури да одам на турнеја во Америка, Австралија. Наскоро ќе станам и заштитно лице за квалитетно македонско вино.

За вашата плодна кариера,како актерка и пејачка,за семејството, за животот во Белград, младиот автор Филип Димковски пишува книга.

– Во книгата која ја пишува Филип ќе биде опишан мојот живот,  ќе се најде  и моето цеде со некои песни што ги пеев  во шоуто ” Никад није касно” ,омилените “Калинка”, “Циганка сам мала”, “Има дана када не знам шта да радим”,плус некои песни од моите плочи.

Доживеавте слава  преку  еден тв шоу проект. Имате ли некоја неостварена желба ?

 

-Има.  Јас пред пет години ја играв монодрама во МНТ “Методот на Мис Маргарида”, ја играв четири пати и со таа монодрама добив награда  на меѓународниот фестивал во Битола. Зошто понатаму не се играше,тоа за мене е енигма. Но таа монодрама остана во моето срце и ќе ја реализирам повторно,на театарските штици или на телевизија. Ми ја  бараа и во Белград да ја играм на српски јазик ,но не ми се напушта Дојран, не ми се напушта Македонија. Многу ми е тешко кога одам надвор од Дојран, дали  за тоа причина   се цвеќињата,  воздухот  или целата езерска  убавина – не  знам! Често одев  во Белград, но тоа  веќе не ми годи.  Еве сега бев и се разболев. Се гледа и по моите настапи, првиот настап бев многу свежа, втората вечер- веќе изморена, третира- ептен изморена … Кога се вратив во Дојран, се препородив како рипка во вода.

press@ohridskitrubaduri.mk

www.ohridskitrubaduri.mk

 

1 коментар

  1. Ratka Suleva - август 24, 2018 4:54 pm

    Trebase da bidam tvoja menagerka zadto vo poslefen moment te nayerav da se prijavis a has veruvav vo tvoite uspesi.

    Одговори

Вашето мислење