ЗОИ БЛАЖ: „Охрид фест“ е прекрасен затоа што се одржува под отворено небо!

ЗОИ БЛАЖ: „Охрид фест“ е прекрасен затоа што се одржува под отворено небо!

Во забавната вечер на Охрид фест 2016, настапи и младата Зорица Блажевска, алијас Зои Блаж, освојувајќи две награди- трета од публика и трета од жири. Завршила средно музичко училиште во Скопје, се запишала на Музичка академија соло пење- популарни жанрови. По детското „Златно славејче“, „Охрид фест“ е нејзино фестивалско деби кај нас.

Да потсетиме, со која песна ја освоивте охридската публика?

-Со песната „Жешко, жешко“, дело на композиторот Ристо Самарџиев, аранжерот Владимир Дојчиновски, а текстот го напиша Ивана Катевеноски.

Таа темпераментна песна заслужува и видео спот, снимен во прекрасниот амбиент на Охрид.

-За жал досега не доби спот но, никогаш не е доцна. Баш би сакала во иднина да ја почестам мојата публика со спот токму за таа песна бидејќи мене ми е посебна. Но, се се случи многу брзо, на само еден месец пред да се одржи фестивалот. Беше мојот прв македонски фестивал,  и целосно бев посветена на настапот. Не мислев на друго.

Како потекна идејата?

-Идеата потекна од авторите. Ми се јави Самарџиев, ми ја пушти да ја слушнам песната и веднаш прифатив, бидејќи знаев дека тоа е таа песна. Потоа, не снимив спот, но сакам и верувам ќе ја реализирам и таа идеја.

Трета награда од публика и трета награда од жири, дали тоа потврдува дека песната е подеднакво допадлива и за слушателот и за „стручното уво“?

-Спонтано, одлично сработено и на крај наградено. Ха! Се разбира, многу бев и возбудена и среќна, но јас бев дури и збунета кога го слушнав моето име. Сите сакаме награди и се надеваме на нив. ака го гледаме, всушност, успехот на целиот труд

По што овој фестивал, во Ваши очи е поинаков од другите?

-Прво поради убавините на Охрид и затоа што се одржува под отворено небо. Инаку ги следам сите фестивали и ете прв македонски фестивал на кои се претставив беше токму „Охрид фест“ и сум среќна поради тоа. А имам настапувано и на црногорскиот „Сунчане Скале“, ревијално и на фестивалот „Врњачка Бања“ во Србија. Се надевам дека оваа година ќе настапувам и на други фестивали, пред се кај нас.

Пошироката македонска публика Ве запозна и преку учеството во едно реално шоу, „На иста адреса“. Трае ли уште таа популарност од пред неколку година, или треба да се освежи, можеби еве, со настап на јубилејниот 25 „Охрид фест“, годинава.

-Хммм, јас мислам дека шоуто ми донесе повеќе публика но, сепак мислам дека треба да се освежи со настап годинава. Засега имам седум песни „Жешко, жешко“,  „Сама“ , „Ти си тој“, „Ти си аут“, „Живеј со времето“, „Химна за Тавталиџе“, „Љубовта ме води“. И имам и два спота, но репертоарот треба да се проширува, а моите фестивалски настапи да се множат, исто така. А „Охрид фест“ грев би било да ми остане само не еден настап. Одиме на уште повеќе. А како потенцијална словенечка снаа размислувам понатаму да направам словенечќка песна, или барем да препеам.

На истата сцена, истата година настапи и популарната словенечка дива „Хелена Благне, која победи со песната „Со помин нека е“.

-Имам и фотографија со Хелена. Уште од мала ги слушам нејзините песни и ја имаав таа чест да ја запознаам и пеам на иста сцена, таа година.

Го скративте името од Зорица Блажевска во Зои Блаж, кое звучи малку поуниверзално. Така сакате да Ве препознаваат повеќе?

-Го скратив за да биде специфично и препознатливо, а и кратко, и навистина имам убави коментари за тоа. Дури и сите како Зои ме знаат а не како Зорица.

Вие сте пејачка, модел, наскоро и сопруга на познат словенечки спортист Тадеј Матијашиќ. Колкава е привилегијата да се биде дел од интересен спој од убавина, музика и спорт?

-Се уште не сум сопруга но наскоро ќе биде и тоа. Инаку никогаш не ни е досадно, или пееме ,или и граме со топка ха,ха. Привилегија е искрено, бидејќи сум спасена од љубоморење , неразбирање и размислување ниско, со Тадеј ми е убаво!

Што планирате за понатаму, на полето на музиката, и на приватен план?

-Покрај музиката морам да напоменам дека од неодамна моја втора професија стана и шминкањето кое ми беше само хоби и одлично се снаоѓам . Станав и официјално модел и заштитно лице на брендот „МБ“, на младата урбана уметница Моника Блажевска, која црта уникатни цртежи на парчиња облека. Додека за музика се подготвуваат некои песни, но чекам да дојдат оние „пет минути“ или коцките да се спојат, народски кажано. На приватен план не планираме ништо со Тадеј, оставаме сами да се спојат патиштата,да се направи свадба, да се создаде семејство, но, здравје Боже, ќе биде, постепено.

Валентина Ѓоргиевска Парго

Вашето мислење