И евровизиските претставници на Црна Гора во Охрид

И евровизиските претставници на Црна Гора во Охрид

Членовите на поп-рок триото “Highway”,кои  ја претставуваа Црна Гора  на изборот за Песна на Евровизија во Шведска. ќе учествуваат во  ИНтернационалната  програма на  “Охрид фест – Охридски трубадури 2016”,.

Групата го привлече вниманието на јавноста во натпреварот “X Factor Adria”  каде што го освои  четвртото место. Овие млади момчиња од Подгорица имаа и забележителен настап  на фестивалот  „Сунчане скале„  каде во програмата „Нoви звезди„  со песната „ Бар на кратко„ ја освоија третата награда . Тие  на евровизискиот фестивал   се претставија  со  песната „ Вистинска работа„ која   ја  исполнија  во   првата полуфинална вечер.  .

Музичарите  од “Highway”  кои претендираат да бидат “ нови идоли на  младите од бившите ЈУ простори”, доаѓаат во Охрид во состав :  Петар Тошиќ (вокал), Марко Пешиќ (гитара, вокал), Лука Војводиќ (гитара, вокал) . Петар има 19 години и  е студент  на прва година на факултетот за електротехника. Марко има 21 година и  е на  втора година на факултетот за економија   а Лука има 20 години  и  е студент  на прва година , исто така и на факултетот  економија. Сите тројца учеле во основното музичко училиште “Васа Павиќ” во  Подгорица: Петар свирел   виолина, а Марко и Лука  – гитара.

Вашето мислење