Легендарниот Сања Илиќ и „Балканика“ ќе ја претствуваат Србија на Евровизија 2018

Легендарниот Сања Илиќ и „Балканика“ ќе ја претствуваат Србија на Евровизија 2018

Легендарниот српски музичар , автор и изведувач Сања Илиќ и „Балканика“ ќе ја претствуваат Србија на Евровизија 2018 во Лисабон.
“Беовизија 2018” се одржа вечерва, 20 февруари 2018,  на кој фестивал учествуваа и победија, со комбинација на телевоутинг и гласање на жирито.

Победата ја однесоа Сања Илиќ и „Балканика“, со песната “Наша деца”, а тие ќе одат во Лисабон во мај, за да ја претставуваат Србија на претстојниот Евровизиски натпревар.

Оваа година, РТС доби вкупно 75 песни, а жирито селектираше 17 во најтесен круг, кои се натпреваруваа.
Александар Сања Илиќ, инаку, беше автор на песната “Хало, хало”,  која „Аски“ ја пееја на Евровизија 1982 за Југославија.
И најважно,  на „Охрид фест 2017“ на покана од госпoдинот Григор Копров настапи и ја прими наградата за животно дело, eден од бројните eвровизиски претставници кои учествувале на оваа сцена.

Честитки за Сања Илиќ и неговата екипа!

Валентина Ѓоргиевска Парго

Вашето мислење