Лена Заткоска Маротов: Пораснав со „Бони Ем“, ги запознав на „Охрид фест“

Лена Заткоска Маротов: Пораснав со „Бони Ем“, ги запознав на „Охрид фест“

Непосредно по Василичарскиот концерт 2018, разговараме со Лена Заткоска Маротов.

Полна под импресии велите дека сте поминале одлично, а трите концерти биле доста посетени. Ова беше Ваш прв настап на овој концерт, со каква енергија од публика се соочивте?

-Убаво беше. Мислам дека публиката ја прифати идеата за “сипмлy тхе бест” Концертот. и многу луѓе преку песни се вратија на некој поубави времиња.. Некои на младоста, некои на некоја стара лубов, а за по младите се чудеа на реакциите на родителите и песните што ги пееја заедно со солистите сто настапуваа. Сите три концерт публиката беше весела позитивна и мислам задоволна!

Изборот на двете песни го направите сама или во консултација со организаторот. Зошто токму тие песни?

-Песните ми беа предложени, а јас ги прифатив со полна душа, бидејќи пораснав слушајќи ги тие песни, исто така знам дека и “Alone” од „Heart” и “Dvore all night” од Синди Лопер се препеани од Селин Дион и уште толку се радував на овие песни.

Каква е одговорноста да се пее на академска сцена и токму на настан кој еден од оние што се очекува цела година?

-Одговорноста мене ми е иста дали е на бина за Македонската опера и балет, или свирка во кафуле. Работата моја и љубовта кон пеењето и музиката си ја сфаќам сериозно.

Кога станува збор за фестивалите „Охрид фест“ е фестивалот кајде најсилно се пробивте во 2012 година, иако пред тоа имавте на своја сметка запишано и настап на „Макфест“. Како дознавте за Охрид фест?

-Охрид фест ми беше предложено од Ристо Самаргиев и Владмир Дојчиновски. Та агодина заедно ја напишавме “Магија” и добив награда прво место; нови ѕвезди и најуспешен дебитант.

Можете да се потсетите како изгледаше Вашиот прв настап на Охрид фест? Редовна сте на таа сцена. Што ве врзува толку силно?

-Никогаш нема да го заборавам мојот прв настап на Охридфест, песната сто ја пеев ја напишавме за Габриел, мојот сега шестгодишен син. Секоја година сите најубаво си поминуваме на Охрид фест, се дружиме и си пееме, семејство, колеги. Многу убав летен фестивал и заради тоа сум врзана на фестивалот. Исто така има и интернационален дел кај што се дружиме и со пејачи надвор од Македонија.

Кои песни досега ги испеавте на „Охрид фест“?

Магија– 2012, „Ние“- 2013, „Далечина“- 2014, „Дечко ти двојка си“- 2015, „Без тебе“– 2016, „Прости си на себе“-2017.

Сигурно не недостигаат ни интересни доживувања од зад сцената? Некое да споделите со публиката?

-Секоја година се собираме зад сцената и пееме. Тоа е голема летна журка, на која убаво си поминуваме.Тоа ми е одлично доживување

Која средба со познати пејачи што дошле на „Охрид фест“ Ви оставија впечаток?

-Не да заборавам дека пред две години се запознав со Шејла Боник од „Бони Ем“. Пораснав со тие песни дома како мала, а да се запознам со таков артист ми беше задоволство.

За кој фестивал имате желба плус?

-Јас уживам кога пеам на бина со голема публика! Би пеела на било каков фестивал, само да не е турбофолк .

 

Со кои автори соработувате, а со кои би сакателе во иднина?Постои строго музички жанр кој Ви е најдраг?

-Соработувам со Владимир Дојчиновски, често пати Ристо Самарџиев ми пишува текстови. Сум работела со Христијан Габровски, Григор Копров, Иле Спасовски, Благој Маротов. Благодарение на мојот сопруг, почнав да слушам хрватска музика, автори и изведувачи како Оливер Драгојевиќ, Нина Бадриќ и Џибони. и би ми било чест да испеам песна напишана од Џибони. Му се восхитувам текстовите и музиката. Но, сакам и балади во стил на Витни Хјустон или Селин Дион, поп балади рок балади. А и нешто со убав бас.

Што го сочинува Вашиот свет?

-Мојето семејство пред се, а потоа музиката и работата со музика.

Сопруга сте на Бојан Маротов. Како е да си во исто време и брачен другар и музички соработник, значи ли тоа дека кај вас се е песна, се пее дење ноќе?

-Пааа, баш е како песна!

Бидејќи сте веќе дел и од музичко семејство Маротов, и целосно сте ангажирана на музички план, од сите страни, постои ли идеја коплет со сите славни Маротови да запеете заедно?

-Никогаш не се знае, ние веќе низ дома си музицираме заедно.

Во Вашата семејство сега има две сценски убавици, Јуле Маротов и Вие. Се консултурате за изгледот, модата, трендовите, сценската гардероба?

-Ви благодарам на комплиментот! Секогаш, кафе и муабет за се! Подобра свекрва не можев да имам!

Вашиот глас и интерпретација ве одликуваат како добра пејчка, од која се очекува доста на сцената. Колку се посветувате на едукација, вежбања?

-Јас имам завршено музичка академија во Австралија. Морам да признам дека пред да станам мајка многу повеќе вежбав отоколку што вежбам сега! Најважно е да се вежба и тренира гласот секојдневно, нормално како во секоја професија од таков карактер..

Добро се заработува од музика во Македонија? Копнеете да се вратите во Австралија, од каде дојдовте пред неколку години?

-Може да се заработува од музиката ама исто така многу и се троши. Би можела да кажам повеќе за жените од музичката фела од колку за мажите. Шминка, фризура, облека итн. Се заработува толку колку што и се троши. Би сакала да одам за Австралија, да го прошетам Бојан, да види кај имам пораснато, училиштето факултетот, каде шетав. Малку ми е тешко кога ми кажува и покажува „приказни“ од неговото минато а јас не можам да му покажам кај сум израснала.

Веќе имаате покана за овогодишниот настап, по повод јубилејниот 25-ти „Охридски трубадури-Охрид фест“. За годинава што подготвувате?

-Тоа ќе биде изненадување !

Датумот од крајот на август, од минатата година е поместен за 8 септември, денот на Независноста на Македонија. Ви се допаѓа што „Охридски“ стана есенски фестивал?

-Па ќе видиме, навикнати сме на летен фестивал ама со оглед на тоа дека овааа година е јубилеен мислам дека е убаво што има специјален датум.

За крај, што е она што Ве импресинира на „Охрид фест“, што го први поразличен од другите фестивали, што ве прави среќна таму?

-Дружбата! Различен стил на песни, лето, и се разбира погледот на охридското езеро.

Валентина Ѓоргиевска Парго 

Вашето мислење