Македонскиот Том Џонс на македонското Сан Ремо

Македонскиот Том Џонс на македонското Сан Ремо

Можете  што сакате  да  зборувате  за   Ѓоко  Ѓорчев    но  две  реботи никако   не можете да ги  занемарите  – неговата  упорност и прекрасниот вокал.Тој   вниманието на публиката почна да го прилекува на игранките  во Тиквешијата имитирајќи ги Том Џонс  , Енгелберт Хампердинг,Френк Синатра   за потоа   да создаде  свој репетоар од  македонски песни од  кои неколи  станаа  хитови како што се песните  *За еден ден молам*,*Моја   златокоса*,*Последен  танц*  или песната  *Засекогаш ти*

Во неговата музичка  легитимација    стои  дека  тој досега  снимил  6  албуми, освоил неколку награди на *Макфест* и  Охридски трубадури*,  ГРан  при  на   фестивалот  *Еврофест*. неколку награди и признанија на меѓународни фестивали  а во 1996 и 2000 година  бил прогласен  за пејач на  годината.

Македонскиот   Том Џонс годинава прославува 25 години на македонската естрадна сцена.За јубилејот подготвува нов музички материјал, кој, како што вели, ќе го стави на албум. Овој пат тој ќе им даде свој белег на познатите светски арии и евергрини, а една од нив ќе биде и познатата песна на Френк Синатра „My way“ (Мојот пат),

Албумот треба да биде готов до Нова година, а во меѓувреме Ѓорчев го очекуваат голем број настапи, учество на интернациналниот музички фестивал *Охридски  трубадури * и  спектакуларен концерт  во МОБ ( во септември)   во чија програмата ќе се најдат најуспешните  песни од неговата *лична  карта * и најверојатно  неговите  веризии  на   арија од  мјузиклот „Фантомот од операта“ на композиторот Ендрју Лојд Вебер, ( дует со оперската пејачка Кристина Палија), и темата „Caruso“ на легендарниот италијански кантавтор Лучио Дала,композиции кои неодамна  ги сними.

-. Сега пред мене е уште еден предизвик, желба ми е да ја снимам познатата арија „Nessun dorma“ од операта „Турандот“ на Џакомо Пучини, која на својот репертоар ја имаат најпознатите светски тенори. Се надевам ќе соберам сили, а верувајте за таа цел секојдневно учам некои нови техники во пеењето – вели Ѓорчев.

Ѓоко  Ѓорчев ќе  настапи   на  годинешниот фестивал  *Охридски  трубадури* со мелодијата  *Зар можеш друг да засакаш*  за која музиката  ја напиша  Григор Копров, текстот  е на  Огнен Неделковски а  аранжманот на  Владимир  Дојчиновски.

-Охрид  го сакам како град  затоа  што  уживам  во неговите  убавини  и историски знаменитости, затоа што   се чуствувам  спокојно…..а фестивалот го сакам затоа  што има  медитерански ноти и за мене  тој е  македонски  Сан Ремо…..

Вашето мислење