македонските фолкери го отвараат јубилејот

македонските фолкери го отвараат јубилејот

 

Утревечер  во Охрид  со песните создадени во духот на македонскиот фолклор ќе започне  25-то јубилејно издание на Меѓународниот музички фестивал ’’Охрид фест- Охридски трубадури’’.Во официјалната програма се наоѓаат  20 песни  кои ќе ги исполнат познатите македонски интерпретатори – Петар Нечоски , Благица Павловска , Кате и ’’Нели ти реков’’,’’ Скопски Боеми,’’, ’’Молика оне ’’, Милован Секулоски , Зоран Марковски и Мерима Његомир.а  своја шоу програма (додека  траат гласањата на жиријата)  ќе има  Нада Обриќ

Наредниот ден , петок, фестивалот  продолжува  со  националниот избор за најдобра  поп –композиција.На  оваа вечер 18   нови песни  од македонски  автори ќе исполнат ,Симеон Коруноски ,.Горан Наумовски,.Дует ЧОКИ ,Жармена.Денис Димоски ,.Трио ЏЕНТЛЕМЕНС ,Лени Партикова -,.Огнен Здравковски , Зои Блаж , Пепа Димовска, .Филип Јордановски , Лена…..Во паузата од  фестивалот  свој рецитал од песни за љубовта ( автори Александар Митевски и Григор Копров)ќе има  познатиот бизнисмен и љубител на музиката Трифун КОстовски.

Со  голем интерес  се очекува  ИНтернационалната вечер на која покрај наградените песни од Поп вечерта во борбата за награди  ќе  учествуваат и познати пејачи од Балканските  земји Пантелис Кастанидис(Грција),групите “Балканика  (Србија)  и’’Колонија) (Хрватска) , Ален Исламмовиќ (БиХ), Дарија Швајгер (Словенија)  Дениса Мерсини (Албанија),Божидара Симеонова (Бугарија)….

Водители на Поп и Интернационалната вечер  ќе бидат  Марјана  Станојковска и Васил Зафирчев

-МИслам  дека   Фолк вечерта   ќе  биде една од  подобрите изданија на досегашните фестивали.ИМа прекрасни  песни кои ги запазуваат карактеристиките на македонскио  фолклор, стилски  се различни  но со  добри интерпретации , вели  Цане Петров,уметнички  директор на  Фолк вечерта .

Македонската телевизија ќе врши директен пренос на  Фолк, Поп и ИНтернационалната вечер а јубилејното 25-то издание на  фестивал ’’Охрид фест-Охридски трубадури’ покрај гледачите од  Македонија  ќе можат да го проследат и љубителите на музиката  од   БУгарија,Босна и  Херцеговина, Црна Гора,  Словенија, Србија   и   гледачите од   целиот свет  преку   сателитските  канали на  Македонската  телевизија и   австралинската ИНТВ.

 

 

 

Вашето мислење