Маркетинг

Маркетинг

Почитувани пријатели на музиката,

Добредојдовте на страницата на Интренационалниот музички фестивал Охрид Фест – Охридски трубадури, кој годинава го слави 21 години постоење и збогатување на македонската и балканската музика!

Фестивалот ОХРИД ФЕСТ ОХРИДСКИ ТРУБАДУРИ веќе 20 години претставува најтранспарентен и најисплатлив маркетингшки проект , кој Ви овозможува со еднократно вложување да си обезбедите реклама во текот на целата година,
Осврнете се на минатогодишните Трубадури и медиумскиот гламур со кои што беа проследени и ќе видите колку тие песни траат на разни телевизии. На тој начин ќе сфатите во која мера се исплатува соработката со нас.
Охридските трубадури кои можат да бидат и Ваши , во изминатите 23 години станаа синоним за квалитет благодарение на :

  • големиот број фолк и поп хитови , од кои некои се веќе евергрин
  • безпрекорната организација
  • уверливиот и решителен маркетинг
  • одговорните луѓе кои се способни со својата професионалност да застанат зад најкомплицираните деловни потфати
  • големиот број деловни пријатели

Ние без лажна скромност , успеваме да создадеме сериозен музички фестивал со традиција. Според мислењето на публиката, музичката критика и големиот број деловни партнери , Охридските трубадури се :

  • најголем регионален музички фестивал
  • фестивал кој завзема значајно место на картата на музички случувања

Фестивал во кој вреди да се инвестира
Охрид ФЕСТ – ОХРИДСКИ ТРУБАДУРИ е меѓународен фестивал во вистинска смислана зборот. Сo посредство на медиумите од странство, сателитската програма ирелевантните музички продуцентски куќи , Трубадурите веќе 21 години се дел одмузичкото искуство на многу луѓе ширум светот. Фестивалот го гледаа во преку 30 земји во Европа и светот и притоа се остварени повеќе од 200 часови директен пренос
На досегашните изданија на фестивалот * Охридските трубадури* се изведени преку 1800 музички нумери , од пејачи од преку 20 земји на Европа и светот чии телевизии ја пренесуваа сликата од фестивалските вечери и ја емитуваа во текот на целата година
Стотина акредитирани новинари од најзначајните медиумски куќи во Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина, Словенијам Црна Гора, Русија, Белорусија, Малта, Албанија,Грција секоја година го следат фестивалот ОХРИД ФЕСТ –ОХРИДСКИ ТРУБАДУРИ.
Преносите кои ги емитуваше Македонската радио телевизија преку сателитската програма можеа да го следат и гледачите од Америка, Австралија , Азија и Европа.
Ексклузивните права за пренос на * Охрид фест- Охридски трубадури 2016 * го има ТВ 21.Преку сателитскиот сигнал на оваа телевизија ,случувањата на фестивалската сцена во Долни Сарај во Охрид , ќе ги пренесуваат

Tв Балканика – Бугарија
Тв Бел ами – Србија
Тв Коперникус – Србија
Тв Свет плус – Србија
Тв Z1 – Хрватска
Тв Хајат – Босна и Херцеговина
Тв Визион плус – Албанија
ТRT – Турција
Тв Шансона – Русија

Но најважно е дека:
Нашиот фестивал не трае само колку што траат ТВ преносите . Во текот на целата година хитовите од Охрид Фест Охридски трубадури се слушаат низ целиот Балкан.
Во текот на сите фестивалски вечери , нашите значајни деловни партнери имаа своја презентација и низ оваа соработка со медиумите, се создаде атмосфера на исклучителна доверба во вредностите кои ги нудат нашите спонзори, затоа што ОХРИД ФЕСТ – ОХРИДСКИ ТРУБАДУРИ се гаранција за квалитет – TRADE MARK!

Зошто би соработувале со нас?
Веќе 21 години сме заедно со публиката и добро знаеме што сака таа. Ви нудиме и Вие да станете дел од развојот на фетсивалот ОХРИД ФЕСТ ОХРИДСКИ ТРУБАДУРИ затоа што сме убедени дека имаме многу нешта што можат да прераснат во заеднички интерес.
Охрид фест- Охридски трубадури на своите ценети пријатели и покровители им обазбедува:
– Емитување на рекламен видео запис за време на директниот пренос на 4те фестивалски вечери
– Кајрон –реклама : 2 пати во текот на една фестивалска вечер т.е 8 пати во текот на 4 фестивалски вечери
– Поставување лого од фирмата – спонзор на официјалната веб страна на * Охрид фест Охридски трубадури*
– Поставување на лого на фирмата – спонзор на сите рекламни материјали за фестивалот (банер,билборди, плакати и летоци)
– Поставувањена лого на фирмата – спонзор на влезниците за сите 4 фестивалски вечери
– Поставувањена банери на видно место за време на 4 фестивалски вечери
– Можност за учество на претставник од фирмата – спонзор во жири комисијата на фестивалот
Во текот на фестивалскиот пренос ,водителите името на компанијата и нејзините производи или услуги ќе ги споменат во два наврати или вкупно 8 пати во текот на четирите фестивалски вечери

Успешните соработуваат со успешните
Правењето фестивал е сложена, но и скапа работа. Во текот на
изминатите 22 години фестивалот “Охрид фест – Охридски трубадури” не би бил тоа што е без финансиската поддршка на многу спонзори,
докажани пријатели на фестивалот и музиката воопшто. Ако инвестирате во нашиот фестивал, за возврат ја добивате следната маркетиншка презентација во рамките на фестивалот, и тоа:

  • Вашите спотови се емитуваат во директните преноси од фестивалот.
  • Вашето лого се наоѓа на фестивалските плакати, на влезните билети и на омотите на фестивалските компакт дискови.
  • Вашите рекламни пораки се дел од фестивалските билтени.
  • Вашите спотови се постојано емитувани на видео бимот кој ќе се наоѓа на фестивалската сцена.
  • На кајрон се емитуваат Вашите рекламни пораки во тек на преносот од фестивалот.
  • Вашите претставници се дел од жири комисијата и доделуваат некоја од наградите.
  • За вашите вработени или деловни партнери добиваат бесплатни влезници за фестивалските приредби.
  • ќе отворите пат за нова и успешна соработка со водечките медиуми во целиот регион
  • Вашата реклама ќе биде присутни 3 месеци на сајтот кој има голема посетеност

КОНТАКТ
E mail
press@ohridskitrubaduri.mk
grigorkoprov@yahoo.com