Марко Кон : Охрид е едно од моите најомилени места на светот!

Марко Кон : Охрид е едно од моите најомилени места на светот!

Српската музичка  звезда  , евровизиски композитор и интерпретатор, Марко Кон, за прв пат доаѓа на  на интернационалниот музички фестивал „Охридски трубадури“. Тој е еден од најплодните српски автори со околу 1.000 компонирани  забавни мелодии и музика  за голем број  филмови и тв серии .Познат е по својот отворен гард  и забавен дух.Затоа  дружењето и  работата со него претставуваат вистинско задоволство.

Марко Кон е роден на  20. април 1972 година, во Белград, од татко Евреин, и Мајка Србинка.Со музика се занимава од својата најрана возраст, за што говори фактот што на  деветгодишна возраст го основал својот прв бенд. Тој свири кларинет, фрула, саксофон, гитара, бас-гитари и тапани, а освен што е композитор  тој  е и текстописец, аранжер, продуцент и изведувач на забавни песни.

Неговата евровизиска приказна има континуитет- беше еден од  авторите на текстот за песната “Луди летни плес”, со која Фламингоси и Луис победија на „Беовизија 2006“ , потоа беше копродуцент и коаранжер на песната “Заувјек волим те”, со која Стефан Филиповиќ ја претставуваше Црна Гора на Евровизија 2008. А, веќе следната, 2009 година  Марко Кон и самиот настапи на Евровизискиот фестивал во  Москва   со песната „Ципела“  со која го освои 10-то место  во втората полуфиналнална вечер и не се пласира во финалето.

Дали имате   нови евровизиски планови?

-Поминаа речиси 10 години од  последноиот мој евровизиски настап но сеќавањата се уште се многу живи. Тоа не  се заборава лесно. Планови немам, но јас ни  минатиот пат не планирав да одам, па ете…

 

Оваа година   за прв пат, македонска публика на „Охрид фест“, на 8 септември, на Денот на македонската независност, ќе може  да го проследи  и вашиот настап.

-Охрид е едно од моите најомилени места на светот. Многу пати доаѓав и секогаш со задоволство му се враќам.

Што работите  сега. Забележливо е дека сте композитор на музиката  на многу српски филмови. Тоа ве привлекува повеќе отколку поп музиката

-Компонирањето е мојата основна професија. Работам со многу изведувачи  од регионот, работам на многу телевизиски проекти, а како што  сте забележале, доста сум ангажиран на компонирање на филмска музика работа која морам да признам дека многу ми се допаѓа.

Со кого соработувате, која е Вашата професионална желба за во иднина? 

-Моментално работам со Александра Пријовиќ,  Катарина Грујиќ, Ана Кораќ и Сања Станковиќ, Слобо Радановиќ, Матеја Вукашиновиќ…. Ја завршив музиката за Тибетанскиот филм “Sky Byrial”  и почнувам да работам на  анимираниот филм “Man Wanted” кој е грчко, албанска, естонска, српска копродукција. А ни почнува и нова спектакуларна сезона  од “Пинкови ѕвездички”.

Татко сте  на две мали деца  Дали  тие ве инспирираат  во компонирањето на детски песни?

-Да, песни   за   деца компонирам  наголемо. Мојата песна „Малени миш“ веќе има неколку милиони прегледи на јутјуб.

 

прес  ’’Охридски трубадури’’

В .Ѓ. Парго

 

press @ ohridskitrubaduri.mk

www.ohridskitrubaduri.mk

Вашето мислење