Маја Оџаклиевска со шоу на „ Охридски трубадури 2016„

Маја Оџаклиевска со шоу на „ Охридски трубадури 2016„

Маја Оџаклиевска ,една од најдобрите македонски и балкански пејачки,ќе настапи на годинешниот Интернационален музички фестивал  „Охридски трубадури„.Таа нема да настапи во натпреварувачкиот дел од  фестивалот,туку на македонската публика  ќе и се претстави со своја мини шоу програма.Таа на  гледачите  во Долни Сарај и на  милионскиот аудиториум  од  Балканот ќе им понуди  дел од нејзините многубројни  хитови, како што се песните  „Многу солзи“ ,  „Шила“ ,„Лиду лидуду“,„Не допирај ме“ , „Биди добар како што сум јас“ , или „Среќо кажи“ .

На  Маја Оџаклиевска , заради нејзиниот посебен  придонес во афирмацијата на македонската  популарна музика, органзаторите на фестивалот ќе и доделат   награда за животно дело.

Вашето мислење