Миодраг Врчаковски уметнички директор на Интернационалната програма

Миодраг Врчаковски уметнички директор на Интернационалната програма

Проф. Д-р Миодраг Врчаковски неврорадиолог во Neuromedica, водител на  популарната емисија “Соул рели” и автор на текстови за повеќе од 300 песни, ќе биде уметнички директор на Интернационалната програма на годинешното издание на фестивалот „Охридски трубадури„.Бидејќи списокот на учесниците  се уште се комплетира, тој не сакаше во  овој момент да ги презентира  пејачите  кои ќе бидат негови  адути  за Интернационалната вечер.

Веројатно малкумина знаат дека  Миодраг Врчаковски  е автор на текстовите за песните   „Ле­тај га­ле­бе”, со Ве­ри­ца Ри­стев­ска, „Тво­и­те очи си­не” со Та­ња Ко­чов­ска, „Кој да ти ка­же”, со Ка­ро­ли­на, „Не­маш ни бла­го­да­рам”, „Си­нот бож­ји”, „Сту­де­на”, „На ме­сто на зло­сто­рот” со То­ше  Проевски  и дека неговата  емисија  „Соул рели„ почна да се емитува на Втората програма на Радио Скопје од  1977 година а сега  истата емисија можете да ја слушате на брановите на Радио Антена 5

Вашето мислење