МИХАЛИС АНТОНИУ: „Охрид фест“ е “Магично Ранде-ву”, спој на култура, музика и пријателство!

МИХАЛИС АНТОНИУ: „Охрид фест“ е “Магично Ранде-ву”, спој на култура, музика и пријателство!

Господин Михалис Антониу, Вие сте еден од најголемите европски пријатели на „Охрид фест“. Кажете ни на почетокот, како дојдовте на овој фестивал?
-Се почна во 2003 година. Сè започна кога некаде видове статија за Тоше Проески. Потоа почнав да собирам информации за Тоше и Македонија воопшто. Откако се запознав во живо со Тоше, исто така преку него сретнав многу убави луѓе и меѓу нив и Валентина. Една година подоцна, Валентина ме доведе во контакт со мојот драг пријател Григор Копров, кој ме покани да учествувам на Охридскиот фестивал.
Се сеќавате на првата покана што ја добивте и на првото доаѓање?
-Првата покана што ја добив за да го посетам Охрид, беше во 2003 година, кога Тоше ме покани да присуствувам на еден многу голем негов концерт, во Охрид, во јуни таа година. Сè уште се сеќавам и сè уште се прашувам како ме препозна кога слегов од авион, бидејќи претходно немаше видено дури ни моја фотографија. Тоа беше нашата прва средба. Ние имавме само телефонски разговори пред тоа. Што се однесува до „Охрид фест“, мојата прва покана беше во 2004 година од Григор Копров, преку Валентина.

Колку пати досега дојдовте на „Охрид фест“ и бевте член на жирито? Поточно, кои песни и пејачи ги пееја Вашите песни?
-Јас на „Охрид фест“ дојдов шест пати и се натпреварував на фестивалот со 8 песни.
2004: Харис Детис го претставува Кипар со песната Stavrodromia ton Angelon
2006: Деби Шери ги претставуваше Кипар и Малта со песните To Mantato и Perfect Timing
2007: Александар Ромашевски ја претставува Русија со Quiero Saber
2008: Џорџ Зитис го претставуваше Кипар со песната Ach Tzie Myrizi Anixi и Елена Воску која ја претставуваше Грција со песната Rapsodia
2009: Николас Параскевас го претставуваше Кипар со песната Nomizis and
2010: Павлос и Марија го претставуваа Кипар со песната Aperanto Galazio.

Исто така, настапивте во придружни вокали една година. Како се случи ова?
-Тоа беше во 2008 година. Тоа беше емоционална песна што ја напишав за мојата земја. Не можев да му дозволам на пејачот сам да излезе на сцената, затоа одлучив да ја додадам во песната и придружни вокали, за луѓето подобро да ја разберат пораката на песната.

Што е најважно, на ваша желба, токму на „Охрид фест“ Ви беше доделена големата награда на Здружението на американски композитори.
-Да, тоа се случи во 2004 година кога Меѓународната федерација на автори на песни ме избраа за најдобар композитор на годината 2004. Ми беше желба да ми биде доделена во мојот возљубен Охрид и за време на Охридскиот фестивал. Од таа причина ја замолив Федерацијата да ми ја овозможи честа наградата да ми додели Григор Копров.
Што Ве импресионира на овој фестивал, во овој град?
– Фестивалот од своја страна за мене е „Магично Ранде-ву“ и можам да го опишам како спој на културата, музика и пријателство. Што се однесува до градот … Неверојатен е. Град ,за да се вљубиш во него.

Како и директорот на фестивалот Григор Копров, и вие сте автор на песни за Евровизија. Кои песни сте ги направиле?
Во 2004 година како автор ја претставував Литванија со песната Whats Happened to Your Love.
Во 2011 година го претставував Кипар со San Angelos Sagapisa
Во 2004 година бев кандидат за претставување на Малта со The Land of Legends.
Во 2008 година бев кандидат за да ја претставувам Босна и Херцеговина со песната Ангеле .
Во 2012 година бев кандидат за да ја претставувам Молдавија со A ray of sun.
Исто така, основавте и свој фестивал каде претседателка на жирито беше добро познатата Ан Мари Дејвид, победник на Евровизискиот натпревар. Игор Узунов освои прво место на фестивалот што потоа го основавте „Пасош за светот“. Би ни кажалеа нешто повеќе за тоа.
-Во 2011 година во Кипар се одржа мојот фестивал „Златна мелодија“. Да, мојата драга пријателка Ан Мари Давид беше претседателка на жирито. Беше навистина многу убаво со 21 прекрасен учесник. Што се однесува до „Пасошот за светот“. Тоа, потоа, беше мојот прв Меѓународен музички проект кој вклучи 21 песна од 21 различни земји во светот. Меѓу нив беше и Македонија, претставена од Игор Узунов и неверојатната песна „Постојам“. Песна што ги украде срцата на критичарите и на публиката.


Дојдовме до најглавното – Вашето големо пријателство со Тоше Проески. Кажете ни за таа тема, сè што треба да знаеме.
-Тоше Проески … можам да напишам цела книга за него. Како што споменав го запознав во 2003 година и до последните моменти од неговиот живот нашето пријателство беше многу силно. Се сретнавме многу пати. Споделувавме само добрите моменти. Разменивавме мислење. Ние разговаравме многу често за неговата кариера, неговите планови во музиката, неговите песни, неговото семејство. Тој беше најљубезната личност што некогаш сум ја сретнал. Тој се жртвуваше за сите. Беше многу дарежлив и неговото срце беше поскапоцено од дијамант. За жал, изгубивме еден ангел на земјата. Никогаш нема да ги заборавам неговите последни зборови, неколку дена пред неговата загуба. Уживавме во нашето кафе, некаде низ Скопје. Тоа беше, ако се сеќавам добро, во петок. Морав да го фатам мојот лет за назад и тој мораше да замине за Хрватска. Ми рече :“Мој пријателе, довидување, и се надевам дека ќе имам можност да те видам повторно“. Бев шокиран. Му одговорив- „што зборуваш?. Се разбира дека повторно ќе се сретнеме“. А неговиот одговор беше: „се надевам“…
Во чест на Тоше, босанската оперска пејачка Жељка Катавиќ Пиљ пееше песна што ја компониравте, а песната , чиј текст е Ваш, на Евровизија 2011 , е за Тоше. Исто така во Кипар организиравте и концерт во негова чест. Тоа пријателство е засекогаш, нели?
– Никогаш нема да го заборавам. Ќе преведам дел од стиховите на песната што ја напишав за него и го претставуваше Кипар на Евровизија во 2011 година. „Мислев дека ангелите живеат само во бајка, но згрешив тие тука се околу нас и се кријат. Моето срце е како празна соба откако замина ти, врати се те чекам судбино, ти си мојот пат…“

Живеете и работите во Дубаи долго време. Минатата година, поради проблеми со виза на „Охрид Фест“, не допатува Џад Алајли од Либан, кој требаше да пее Ваша песна. Ќе дојдете ли оваа година за јубилејот-25 години Охридски фестивал?
-Тоа е точно. Но, ако добијам покана, се разбира. Зошто да не. Сакам да бидам таму повторно.
Од првото Ваше доаѓање веќе имате отворена покана, и екипата на „Охрид фест 2018“ Ве очекува!

(англиска верзија тука)

Валентина Ѓоргиевска Парго

Вашето мислење