На *Охридски трубадури 2017* – Покрај македонската елита и позната светска група

На *Охридски трубадури 2017* – Покрај македонската елита и позната светска група

Полека  но сигурно  се комплетира  мозаикот за  интернационалниот музички фестивал *Охрид фест –Охридски трубадури 2017*.Во повеќе студија во Македонија се снимаат песните за Фолк и  Поп вечерта  а исто така во завршна фаза е и проектот за сценографијата.

Дефинитивно утврдени  се и термните на одржувањето на фестивалот – 6,7 и 8 септември и неговата локација –кеј на  Охридското езеро, веднаш до  хотелот   *Нова Ривиера*

Според  авторите и пејачите  кои  ќе учестуваат на  24 издание на  ИНтернационалниот музичкит  фестива *Охридски трубадури* слободно можеме да кажеме дека годинешната манифестација  ќе понуди и добра забава и  повеќе нови хит песни.

Во завршна фаза е  комплетирањето на  списокот на странските пејачи кои ќе настапат на ИНтернационалната  вечер а овие неколку денови треба да биде потврден и настапот  на   една позната светска  група.

 

На  Фолк вечерта  со премиерни  песни ќе се претстават  Благица Павловска ,Горан  Кукиќ,Петар Нечовски, Ленче Кукиќ,Милан Секуловски, групите,  *Скопски боеми*. *Соната* и  други.Во рамките на оваа вечер  своја шоу програма ќе имаат членовите на групата *Биоритам*

Во програмата на Поп вечерта  ќе се најдат  дваесетина нови композиции кои ќе ги исполнат  Ристо Самарџиев, Мики Јовановски Џафер, Влатко Илиевски, Лена, Пепа, Моротов бенд. Денис Димовски и  други.

На минатогодишниот фестивал наградите  на Фолк вечерта им припаднаа: третата награда на жири  и припадна  на  мелодијата    *Душа*    во изведба  на Виолета Томовска, втората награда на жири  и припадна  на  мелодијата    .*Љуби ме ко прв пат* (  Ленче  Кукиќ) а првата награда на жирито   и припадна  на  мелодијата*Не е доцна*  која  ја исполнија  Горан Кукиќ и  група  *Јупитер*

Третата награда на публиката ја   освои  мелодијата.*Песна  за Љубојно*    во изведба на Александар Цветковски.Втората  награда на публиката   песната .„Свеќите на љубовта„   во изведба на група  *Соната*а  првата награда на публиката  односно победник на Фолк  вечерта беше  песната ..  „ *Тажната романса*   која ја  исполнија  МИлован Секуловски и групата  „Носталгија„

На  Поп вечерта , лани наградите ги освоија   третата награда на жири ѝ припадна на мелодијата „Жешко“ во изведба на Зои Блаж,

втората награда на жири ѝ припадна на мелодијата „Опиј ме“ ( Џина Паппас Џокси) а првата награда на жирито ја освои мелодијата „Без тебе“ која ја исполни Лена

Третата награда на публиката ја освои песната „Жешко“ во изведба на Зои Блаж, втората награда на публиката – „Како првиот пат“ во изведба на Влатко Илиевски а првата награда на публиката односно победник на Поп вечерта беше песната „Барем јави се“ која ја исполни Пепа

 

 

 

Вашето мислење