На Поп вечерта на ’Охридски трубадури ’’ Поголема шанса за младите пејачи

На Поп вечерта на ’Охридски трубадури ’’ Поголема шанса за младите пејачи

Покрај МТВ фестивалот ќе го пренесуваат уште  седум  балкански телевизии и австралискиот сателитски канал INTV.Водители  се Марјана Станојковска и  Васил Зафирчев а своj рецитал со песни за љубовта  ќе има Трифун Кoстовски

 

 

 

На  25-тиот јубилеен  меѓународен фестивал ’’Охрид фест-Охридски трубадури“ кој ќе се одржи на 6-7 и 8 септември  ќе настапат преку 80 изведувачи.Фестивалот  покрај македонската телевизија  ќе го пренесуваат уште  седум  балкански телевизии и австралискиот сателитски канал INTV

Подготовките за  фестивалот  се во завршна  фаза. Од денес (понеделник) ,на кејот  од Охридското езеро пред  хотелот ““Нова Ривиера““ почнува монтажата на големата сцена, на озвучувањето и  светлосните  ефекти.

Комплетиран се  списоците на пејачи и песни кои ќе бидат преимерно изведени на Фолк, Поп  и ИНтернационалната вечер  . Во рамките на Поп  вечерта ,додека  жиријата  гласаат, свое  шоу ќе има познатиот бизнисмен Трифун Костовски, голем љубител и подржувач на музиката.Песните од Поп  Фолк вечерта ќе се  најдат на ЦД-еа кои ќе ги  сними “Сенатор“ од Битола

На Поп вечерта поголем простор за афирмација ќе и биде дадена  на новата  млада и надежна генерација пејачи.На програмата се наоѓаат 18  песни кои ќе ги  слушнеме во извдба на    Ѓерѓи Пандо ,.Александар Здравков  ,.Сашко Андриески  Рената Блажевска ,.The G Notes,Анастасија Аврамовска ,Симеон Коруноски ,.Горан Наумовски,.Дует ЧОКИ ,Жармена.Денис Димоски ,.Трио ЏЕНТЛЕМЕНС ,Лени Партикова -,.Огнен Здравковски , Зои Блаж , Пепа Димовска, .Филип Јордановски  и  Лена

Водители на Поп и Интернационалната вечер  ќе бидат  Марјана  Станојковска и Васил Зафирчев

На минатогодишните  Охридски трубадури   првата награда   на стручното жири ја освои мелодијата’ ’Очи зелено сини’’( Горан Милошески )  додека  првата награда на публиката и припадна на песната  ’’Силна’’ која ја исполни Пепа

press@ohridskitrubaduri.mk

Вашето мислење