На јубилејните “Охридски трубадури 2018“ Балканската пејачка елита во Охрид

На јубилејните “Охридски трубадури 2018“ Балканската пејачка елита во Охрид

Покрај македонските фолк и поп  звезди,  на фстивалот  ќе настапат  и познати пејачки имиња  од балканските земји: Карлос( Бугарија), Жак Худек, Владо Калембер (Хрватска), Елизабет Христоу ( Грција), Ален Исламовиќ (БИХ), групата  “Балканика’’(Србија),Мерима  Његомир (Србија)….

 

На јубилејниот, 25-ти  Интернационалниот музички фестивал   “Охрид  Фест –Охридски трубадури“, кој ќе се одржи  на  – 6 – 7 и 8  септември, ќе учествуваат преку 70 пејачи.Покрај македонските фолк и поп  звезди,  на фстивалот  ќе настапат  и познати пејачки имиња  од балканските земји…. Карлос( Бугарија), Жак Худек, Владо Калембер (Хрватска), Елизабет Христоу ( Грција), Ален Исламовиќ (БИХ), групата  “Балканика’’(Србија),Мерима  Његомир (Србија) ….За љубителите на музиката тоа ќе биде  можност за убав одмор и дабра забава на крајот од летото.

Фестивалот „Охридски трубадури, во  своето 25 годишно постоење,  го сврти вниманието на љубителите на музиката  не само од  Македонија туку и од балканските земји.Тоа се гледа како по бројот на странските новинари кои го следат фестивалот , така и по се поголемиот интерес на странските телевизии за тв пренос на фестивалските програми на “Охрид фест”:Годинава ’’Охридските трубадури“ ќе ги презентираат во живо   Балканика – Бугарија, Бел ами – Србија,  Коперникус – Србија, Тв Z1 – Хрватска, CMC (Croatian Music Channel –Хрватска ,Хајат – Босна и Херцеговина,Визион плус – Албанија,ТRT – Турција, Тв Шансона – Русија  и австралиската сателитска тв INTV.

Организаторите на  фестивалот   се уште не ги откриваат сите  пејачи и програмски активности со кои ќе се одбележи јубилејот но  сепак  се  знае  дека   на  Фолк вечерта  ќе настапат  Благица  Павловска ,’’Скопски боеми“,Петар  Нечовски, Нино Величковски,МИлица Кузмановска, Милован Секуловски,„Молика“,Зоран  Христов…..а  на Поп вечерта  – Даниел  Кајмаковски,Огнен Здравковски,Пепа, Денис Димовски, Лена,  Ѓоко Ѓорчев, Жармена….

 

Прес служба

’’Охридски трубадури“

Вашето мислење