“Охрид фест 2018“ распишува конкурс за текстови од неафимирани текстописци

“Охрид фест 2018“ распишува конкурс за текстови од неафимирани текстописци

Почитувани,
Дирекцијата на Интернационалниот фестивал „Охрид фест“  Ви ја честита Новата 2018 година, и Ви посакува среќа и успех во неа!
Воедно, Организаторот објавува и дел од новините кои ќе седат во пресрет на јубилејното, 25 издание на „Охрид фест“, што ќе се одржи во септември оваа година.
Имено, Советот на фестивалот за прв пат распишува конкурс за текстови од неафимирани текстописци, поети поетеси и автори. Тие треба да се испраќаат до крајот на мај на мејлот tekstovi@ohridskitrubaduri.mk со име и презиме, контакт на авторот и назнака дали е за забавна или за фолк песна
Текстовите треба да бидат напишани на чист литературен македонски јазик, за поп вечерта, а за фолк вечерта дозволено е и умесно вметнување на архаични зборови и зборови и фрази од македонските дијалекти.
Стручна жири комисија ќе избере шест најдобри текстови, три за фолк и три за забавниот дел, а како награда ќе добијат музичко обликување од врвни музички автори и изведба од некои од најпознатите пејачи.
Исто така, до самото одржување, годинава на официјалната страница на фестивалот ohridskitrubaduri.mk победници, настапувачи, автори, организатори ќе се посетат на своите најубави охридфестовски моменти, сеќавања и спомени, низ рубриката „Охридфест низ интервјуа“.
Честа, прва да ја отвори оваа рубрика ја има големата балканска поп ѕвезда , победничка на „Охрид фест 2016“. Во интервјуто таа зборува за овој фестивал, но и многу повеќе за својата антологиска македонска музичка приказна.
Со почит, Тимот на „Охридски Трубадури- Охрид фест 2018“

Вашето мислење