Пантелис Кастанидис очекува втора победа на Грција

Пантелис Кастанидис очекува втора победа на Грција

Пантелис Кастанидис  еден од најнадежните млади пејачи во Грција ќе настапи на  Интернационалната вечер  на  јубилејните ’Охридски  трбадури’’.Тој со песната “Тора агапао” (“Сега  сакам”)  се надева дека ќе  го повтори успехот на  неговата  сонародничка  Елизабет  Христоу  која победи  на минатогодишниот  фестивал

. Пантелис Кастанидис  е роден во градот Патра .Тој потекнува  од семејство на музичари, па сосема логично е што почнал да се занимава со музика  уште од своите 4 години.Студирал драма и учествувал во антички театарски претстави. Пантелис своите први чекори во музиката ги направил  пеејќи во живо во разни помали клубови и дискотеки низ целата Грција. Сепак, неговиот брз пробив му пружил шанса да настапи и на големи музички сцени и да пее  со најпопуларните  пејачи од грчката естрада како што се-Наташа Теодориду, Лакис Пападопулос, Јоргос Јанис, Валантис, Темида Адамантидис, Каити Гарпи, Катерина Станиси. Стелиос Дионисиу, Илиас Вретос, Христос Павис, Катерина Стикуди ….

Неговата дискографија започнува уште во 2010 година, кога ја објавува песната “Den xero poios eime” (“Не знам кој сум јас” ), која се пласира на второто место  на натпреварот Eurovoice. Во 2011 година тој го издава новиот сингл “Vgeno stous dromous” (“Одејќи  по улици” ), додека следната година прави нова верзија на баладата од 80-те- “Фила ме” од Рифифи.

Неговиот  нагорен пат на грчката естрада продолжува со  песната “Apo simera” (Од денес) во 2014 година.Таа долго време  се врти на музичкиот канал на MAD TV  а беше  прогласена  и за песна на неделата на грчката MTV.

Во 2017 година учествува во грчкото издание на The Voice и бил избран да се приклучи на тимот на познатата грчка ѕвезда Сакис Рувас.

Две години по синглот “Прин кала кала”, Пантелис  ја снима  “Тора агапао” (“Сега  сакам”) со која ќе настапи на  Интернационалната вечер  на 25 –тиот  јубилеен фестивал ’’ Охридски трубадури ’’, како предлог на музичкиот клуб ИНФЕ Грција.

press@ohridskitrubaduri.mk

www.ohridskitrubaduri.mk

Вашето мислење