Поп вечерта мина во знакот на Пепа

Поп вечерта мина во знакот на Пепа

Годинешното издание на  македонската поп песна  мина во знакот на Пепа која со песната  *Силна* ја освои  првата награда на публиката, наградата за најдобра интерпретација и наградата за сценски настап.Во официјалната програма на Поп вечерта беа презентирани 16 композиции а во ревијалниот дел присутните  имаа можност да се запознаат со хит модели на сезоната кои ги презентираа манекенките од модното студио  Црнокрак и да уживаат во полчасовното шоу  на Ѓоко Таневски.

Наградените песни од оваа вечер се пласираа за ИНтернационалната програма во која   ќе настапат  Маја Оџаклиевска во дует со рускиот пејач  Иван Акулов,НУша Деренда  од Словенија,Елизавет Кристу од Грција,Маја НИколиќ од Србија….  додека во ревијалниот дел од програмата  публиката ќе ја забавуваат  Трифун КОстовски и  Владо Калембер.

 

Награди на   ПОП ВЕЧЕР  2017

Награди  од жири

Наградата  за најдабар аранжман ја доби авторот  Симеон  Коруновски  за аранжманот   на  песната *Најмила*

Наградата  *Ѓоко Георгиев* за  најдобар текст  ја освои  Влатко   Илиевски за текстот на мелодијата *Дајте му ја*

Наградата за најдобар  дебитант му припадна  на Емилија Петровска

Наградата за најдобра интерпретација  ја освои Пепа  која ја испони песната *Силна*

Спевијалната награда  *Долни Сарај* ја освои  The G Notes

 Наградата за најдобар сценски настап ја  освои  Пепа

Наградата  за најслушана песна  меѓу два фестивали ја освои песната *Прости ми* која ја интерпретираше Лена

ТРЕТАТА   НАГРАДА  НА ЖИРИТО и припадна  на  мелодијата   *Оди си*( Трио Џентлмен)

ВТОРАТА   НАГРАДА  НА ЖИРИТО  и припадна  на  мелодијата *Поезија*(Моротов бенд)

ПРВАТА    НАГРАДА  НА ЖИРИТО   и припадна  на  мелодијата    *Очи зелено сини*(Горан МИлишески)

 

 

 ТРЕТАТА   НАГРАДА  НА ПУБЛИКАТА   и припадна  на  мелодијата     *Оди си*( Трио Џентлмен)

ВТОРАТА   НАГРАДА  НА ПУБЛИКАТА и припадна  на  мелодијата     *Дајте му ја*(Влатко Илиевски)

ПРВАТА    НАГРАДА  НА ПУБЛИКАТА  и припадна  на  мелодијата   *Силна*(Пепа)

 

 

Вашето мислење