ПОП ВЕЧЕР 2018 Од шлагери до модерни ритмови

ПОП ВЕЧЕР 2018 Од шлагери до модерни ритмови

На втората вечер од јубилејниот 25-ти Интернационален музички фестивал  ’’Охрид фест – Охридски трубадури“ премиерно беа изведени  18  песни  од  кои  секако ,   неколку мелодии, барем според аплаузите на пибликата, ќе станат вистински хитови.На  фестивалот настапија главно млади  и талентирани пејачи кои се претставија со стилски различни песни – од шлагери до модерни ритмови

Првата награда од жирито и припадна на песната  ’’Без  тебе’’ која ја исполни  Филип Јордановски додека првата награда на публиката ја освои мелодијата  ’’Дојди или оди си“ која ја слушнавме во изведба на Лена.

Во паузата , додека жиријата гласаа, свој рецитал на песни за љубовта имаше познатиот бизнисмен и љубител на  музиката Трифун Костовски.Тој се претстави со  нови песни  од Григор Копров (на текстови од  Огнен Неделковски)  и  Александар Митевски.

Вечерва  јубилејното издание на  фестивалот’’Охридски трубадури’’  завршува  со  програма во која покрај песните на пејачките звезди од балканските земји ќе се најдат и наградените песни  од  Поп вечерта.

Награди на  Поп вечер  2018

прва награда- Филип Јордановски-  Без Тебе

вотора награда– Лени Партикова-   Спомени

трета награда- Анастасија Аврамовска-Ти си мојот херој

најдобар дебитант  Огнен Здравковски

најдобар арнажман-Владимир Дојчиновски за песната -Дојди или оди си Лена

најдобар текст- текст на  Огнен Неделковски

за песнта на -Не Знам

најдобра интерпрција– Трио ЏЕНТЛЕМЕНС

наградата ’’Долни Сарај’’- ’’Ти си тој’(Пепа Димовска-)

најслушана песна мегу два фестивала-’’Очи зелено сини’’(  Горан Милошески)

Награди  на публиката

прва – Лена – ’’Дојди или оди си’’

втора  -Анастасија Аврамовска  ’Ти си мојот хероЈ

трета – Пепи Димовска – Ти си тој

 

 

Вашето мислење