Конкурс

Меѓународниот фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури“ распишува конкурс за нови композиции. Редоследот на фестивалските вечери ќе се одвива по следниот редослед:

– Поп вечер 5-ти;

– Фолк вечер 6-ти;

– Интернационална вечер 7-ми септември, 2019 година.

Услови за учество:

– Да се испрати демо снимка и текст на Македонски јазик;

– Наслов на композицијата;

– Назнака – за која фестивалска вечер е наменета песната (Поп; Фолк, Интернационална);

– Композициите да не бидат изведувани претходно;

– Податоци на авторите (име, презиме, авторската улога во тимот), електронска адреса и телефон за контакт.

Новитет оваа година – фестивалот „Охрид фест – Охридски трубадури“ избира двајца дебитанти кои ќе добијат можност да настапат на фестивалската сцена. Демо снимките од нивните композиции е потребно да бидат испратени со пропратни инструменти, пијано и гитара. Авторите своите композиции да ги испратат на електронската адреса: ohridfest.produkcija@gmail.com

Конкурсот е отворен до 1-ви мај 2019 година.

Meѓународниот музички фестивал „Охрид фест-Охридски трубадури“ 2019, гледачите ќе имаат можност да го проследат на директен телевизиски пренос.