Промоција на новите албуми на „Колонија“ и Нада Обриќ на „Охрид фест 2018“

Промоција на новите албуми на „Колонија“ и Нада Обриќ на „Охрид фест 2018“

Промоција на новите албуми на „Колонија“ и Нада Обриќ на „Охрид фест 2018“
„Кроација рекордс“ ќе ги промовира новите албуми на хрватската денс група „Колонија“ и на фолк-ѕвездата Нада Обриќ на 8 септември, на официјалната прес-конференција на „Охрид фест-охридски трубадури“ во хотел „Нова Ривиера“ во 10, 30 часот, информираа од дирекцијата на престижниот фестивал.Јубилејниот 25.„Охрид фест-охридски трубадури“ трае три дена, со почеток од 20,30 часот, (на Кеј Македонија пред хотел „Нова Ривиера“) почнувајќи од 6 септември кога е закажана фолк-вечерта, на 7 септември е поп-вечерта , а на завршницата, на 8 септември е интернационалната вечер.

Карлос (Бугарија), Жак Худек, Владо Калембер (Хрватска), Елизабет Христоу ( Грција), Ален Исламовиќ (БИХ), групата “Балканика’’(Србија), Мерима Његомир (Србија), се само дел од гостите чие присуство е потврдено. Од кај нас ќе настапат Благица Павловска ,’’Скопски боеми“,Петар Нечовски, Нино Величковски,Милица Кузмановска, Милован Секуловски,„Молика“,Зоран Христов, Даниел Кајмаковски,Огнен Здравковски,Пепа, Денис Димовски, Лена, Ѓоко Ѓорчев, Жармена и многу други.

Пренос во живо ќе има на повеќе телевизии: Балканика – Бугарија, Бел ами – Србија, Коперникус – Србија, ТВ Z1 – Хрватска, CMC (Croatian Music Channel –Хрватска , Хајат – Босна и Херцеговина, Визион плус – Албанија, ТRT – Турција, ТВ Шансона – Русија и австралиската сателитска ТВ INTV.

Уметнички директор на фестивалот е композиторот Григор Копров.

Објавено: 27-08-2018, 09:53

Независен весник

Вашето мислење