Распишан конкурсот за фестивалот „Охридски трубадури 2017„

Распишан конкурсот за фестивалот „Охридски трубадури 2017„

Советот на интрнционалниот музички фестивал “Охрид фест-Охридски трубадури” го распиша конкурсот за 24.-то издание, кое ќе се одржи во втората половина на август на кејот на Охридското езеро – пред хотелот *Нова Ривиера*. На конкурсот можат да учестуваат сите граѓани на Македонија кои во предвидениот рок – до 10 мај ќе испратат демо снимка и текст на песната( со назнака за Фолк вечер, за Поп вечер или Интернационална програма).
Со предавањето на песните авторите го пренесуваат правото на фестивалот одбраните композиции првпат јавно да ги изведе, да ги сними на носачи на звук. Испратените материјали организаторот нема обврска да им ги врати на авторите, а примените композиции не можат да бидат повлечени. Организаторот на фестивалот има право да смени делови од тестот на песната и избраните композиции да ги стави на носач на звук при што авторите ги задржуваат своите мали авторски права.
На конкурсот за Интернационалната програма можат да учествуваат автори од Балканот и другите европски земји, со песни кои премиерно се изведени во 2017 година или се потполно нови – премиерни композиции.
На трите фестивалски програми – ФОЛК , ПОП и ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ,ќе бидат доделени прва, втора и трета награда од публиката и жирито, како и специјалните награди за најдобар аранжман, за најдобар текст, за најдобра интерпретација, награда за најдобар дебитант,награда за најдобар сценски настап…
Авторите своите композиции треба да ги испраќаат на e-mail адресата на фестивалот( најдоцна до 10 мај 2017 година) :

ohridskitrubaduri@yahoo.com

1 коментар

  1. The G Notes - мај 4, 2017 5:13 pm

    Здраво. Ние сме брат и сестра Глигор (27) и Теодора (21) Гошеви или музичкото дуо The G Notes од Гевгелија. Ова е наша 4-та песна на македонски јазик. https://drive.google.com/file/d/0B2eJDlvVTabpbXg4SEVZaUtKd1k/view <—- Од овој линк можете да ја симнете песната
    https://www.facebook.com/gnotes12345/ <—- Ова е наша официјална фан страна на Фејсбук.
    https://www.youtube.com/user/MsTeodoraG <—- Ова е нашиот официјален Јутјуб канал

    Артист: The G Notes
    Песна: Пак Во Тебе Се Вљубувам
    Музика: Глигор Гошев
    Текст: Томе Таушанов
    Аранжман: Глигор Гошев, Ѓорги Вацев
    Вокал: Глигор Гошев
    Пратечки вокал: Теодора Гошева
    Саксофон: Едил Хусоски

    Текст:
    Погледни сонце се крева
    Од небо длабоко
    Околу нас езди ветрец
    Од љубов зачинат
    И блага светлина што опива
    Овде на тебе се ме потсеќа
    И твојата насмевка
    Ми недостасува

    Рефрен:
    Но знам јас пак ќе осамне
    Додека мирно спиеш до мене
    Се будиш со бакнежи и милувања
    Одново пак јас во тебе се вљубувам

    Уште еден ден сум без тебе
    И не се познавам
    Ко друг да дише во мене
    Бавно ме убива
    И да те допрам очи затварам
    Во мислите пак те довикувам
    И кога те нема
    Знам ќе се вратиш пак

    Рефрен…

    Поздрав, Тhe G Notes

    Одговори

Вашето мислење