Се одбележа 37. роденден на Тоше Проески

Се одбележа 37. роденден на Тоше Проески

Денес, 25 јануари 2018, во Крушево се чествуваше родениот ден на македонската музичка легенда Тодор Тоше Проески, кој денес требаше да наполни 37 години (25.01.1981-16.10.2007).

И по 11 години без Тоше во Крушево пристигнуваат фанови од цел Балкан. Во 11.15 часот, времето кога се родил Тоше 1981 година, беше положено свежо цвеќе на вечното почивалиште на Тоше на Гумење.

Тоше музичкиот пат го почна на „Златно славејче“, „Мелфест“ каде победи како тинејџер, „Макфест 1997“ каде освои награда на ФИДОФ и „Охрид фест 1998“, каде освои втора награда со песната „Усни на усни“, од композиторот Григор Копров и текстописецот Огнен Неделковски.

 

 

 

Тоше оствари блескава балканска кариера, сними албуми на спрски, хрватски и англиски јазик, ја преставуваше Македонија на Евровизија 2004 година со песната „Life“.  Својот последен концерт го одежа на скопскиот Градски стадион, на 5 октомври 2007.

Во чест на Тоше денес се одржа пригодна програма во спомен куќата „Тодор Проески“, каде настапија локалниот бенд „Кице и Пеце“, хорот на средното училиште „Наум Наумовски Борче“ како и оперскиот пејач сопранот Билјана Јосифов, придружувана од клавијатуристот Сашко Николовски.

Наскоро ќе излезе и постхумниот албум на Тоше, насловен „Secret places“ со десет песни, а во финална фаза се и три видео-записи за три песни од албумот: едниот е снимен во Македонската филхармонија, другиот во студио, а третиот се снима во Крушево. Во договор со Министерството за култура ќе има и концерт во арената „Борис Трајковски“ на кој ќе биде промовиран албумот. На албумот е и песна на внукот на Тоше, Кристијан, посветена на неговиот вујко за која ќе се сними видео запис.

Во Спомен-куќата „Тодор Проески“ се одржа и традиционалната крводарителска акција во чест на Тоше. Музејот на Тоше е еден од најпосетуваните и досега го посетиле преку 600.000 гости од земјава и странство. Музејот е награден со прва светска награда за архитектонско решение.

Владата одобрени околу 160.000 евра за достојно уредување на неговото вечно почивалиште  на Тоше Проески.

Вашето мислење