СО МУЗИКАТА НА *БОНИ ЕМ* ТАНЦУВАШЕ ЦЕЛАТА ПУБЛИКА

СО МУЗИКАТА НА *БОНИ ЕМ* ТАНЦУВАШЕ ЦЕЛАТА ПУБЛИКА

 

Публиката на летната сцена  Долни Сарај во Охрид   имаше   ретка можност да  ги види на мегдан  музичарите и интерпретаторите  од  Македонија , Балканските  земји  и  светот и да направи  споредба на  лице место  за тоа каде во овој момент се наоѓа македонската  поп продукција.Првиот впечаток е  дека  немаме причини за срам.Напрптив! Македонските автори презентираа неколку  нумери ( како песните кои ги  интерпретираа Хелена Благне,Пепа,  Ѓоко Таневски,Ѓоко Ѓорчев или Александра  Јанева) кои  рамноправно можат да се носат со странската продукција.

Сепак  вистинска еуфорија настана  кога на сцената се појавија членовите на  светската денс  атракција „Бони ем„  кои уште со првите тактови од нивните хитови ја натераа публиката да танцува и пее заедно со нив. Љубителите на музиката се потсетија на нивните хитови “Деди кул”, “Распутин”, “Реките на Вавилон” (Риверс оф Вавилон).

Претставникот на бугарската компанија  Николај Банев им подари плакета за  „ 4о години успешно постоење на светската поп сцена“.Шејла Бонцек единствената од овој состав  која пеела со првата постава  на „ Бони ем“изјави дека тие  немаат намера да снимаат нови песни бидејќи на тој  начин можат  да му наштатат на имиџот на групата  потенцирајќи дека нивните  песни   ги сакаат и пејат шест генерации љубители на музиката.За разлика од сите учесници кои во Интернационалната програма настапија со  комплетен плеј бек , членовите на „Бони ем„ пееја во живо.НИвниот 40 минутен настап   уште долго време ќе се памети

Првата награда на публиката односно победник на Интернационалната вечер е словенечката поп дива Хелена Благне, која ја исполни песната „Нека е со помин“, дело на авторите Љупчо Мирковски (музика), Огнен Неделковски (текст) и Дамир Имери (аранжман). Хелена сосема заслужено ја освои и наградата за најдобра интерпретација.Втората награда на публиката отиде во рацете на Лена а третата   ја освои Пепа со песната „ Барем јави се „

 

НАГРАДИ   НА  ИНТЕРНАЦИОНАЛНАТА  ВЕЧЕР

НАГРАДИ НА ЖИРИ

 

Првата  награда на   жири  ја  освои   песната „ Добрите мои„- Срѓан  Марјановиќ- Србија

Втората  награда на   жири  ја  освои   песната   „Скршено срце„- Дрисилда  од Албанија

Третата  награда на   жири  ја  освои   песната  „Љубов  ветена„

во  изведба  на  Ѓоко Ѓорчев

 

НАГРАДИ НА ПУБЛИКАТА                                                                             

Првата  награда на   публиката  ја  освои   песната   „Нека е со помин„    –    Хелена  Благне

Втората  награда на   публиката  ја  освои   песната   „Без  тебе„-Лена

Третата  награда на   публиката  ја  освои  

„Барем јави се „  -Пепа

 

 

Наградата за најдобар аранжман  *МАТО ДОШЕН* ја освои   Владимир Дојчиновски  , за аранжманот на песната  „Мило моје  најмило„ која  ја исполни  Александра  Јанева

Наградата  Долни Сарај  и припадна  на песната  „Тело до тело„  која  ја исполни Мартинијан  Кириловски

Награда за најдобар текст    ја освои авторот  Костадинос  Георгијадис  за текстот   на песната  „Европа“  која  ја исполни  Димитрос Калангис

Награда за најдобра интерпретација  – Хелена  Благне

Награда за најдобар сценски настап  –   Лена

Награда за најдобар дебитант   ја доби  групата „Лифт„ од Србија

 

Состав на жирито на публиката

 

1.Лејла Сабит-уредник   во „Вест„

2.Саша Гајовиќ – гл. уредник на  „Илустрована политика„

3.Маја Оџаклиевска

4.Аднан Ахметовиќ- продуцент на ТВ Нови Пазар

5.Маја Коњух- сопственик на хотелот „Нова Ривиера„

6.Александар  Шекуларац – директор на ENTER MUSIK

7.Трифун Костовски – бизнисмен

8.Бојан Ковски – Бауер и  Моделс ТВ

9.Ангелос Дадалијас –претседател на ИНФЕ Грција

10.Катерина Петановска-„Охридски бисери-Филеви„

11.Николај Банев – „Русалка „-Бугарија

12.Агрон Вуља –режисер и директор на продукција Косово

 

 

 

КАКО  ГЛАСАШЕ ЖИРИТО  НА ПУБЛИКАТА

 

  1. Жармена Китрозоска –Мала колку ѕвездите 3
    2. Зоран Илиев – На тебе мириса
    44
    3. Тамара Ангеловска – Заборави
                                        10
    4. Моротов бенд – Слатка казна
                                              6
    5. Веси – Бугарија
                                                                            17
    6. Зои Блаж – Жешко
                                                                     31
    7. Џина Папас Џокси – Опиј ме
                                               29
    8. Димитрис Калангис –Грција
                                               16
    9. Лена – Без тебе
                                                                           63
    10. Ѓоко Ѓочев – Љубов ветена
                                               24
    11. Дрисалда – Албанија
                                                             47
  2. 12.Мартинијан Кириловски – Тело до тело                  43
    13. Александра Јанева – Мило мое најмило
                     31
    14. Група Лифт – Србија
                                                             31
    15. Влатко Илиевски – Како првиот пат
                            42               
    16. Срѓан Марјановиќ – Србија
                                               30
    17. Пепа – Барем јави се
                                                           58
    18. Радоје Симоновиќ – Црна Гора
                                       53
    19. Ѓоко Танески – Укради ми го срцето
                            21
    20. Хелена Благне – Словенија
                                               77

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Вашето мислење