„ТРИО ЏЕНТЛМЕН“ го промовираа спотот за охридфестовската песна!

„ТРИО ЏЕНТЛМЕН“ го промовираа спотот за охридфестовската песна!

За песната изведена и наградена на „Охрид фест„2017“, „Триото Џентлмен“ снимија спот, кој беше промовиран во холот на Македонскиот народен театар, на 28 јaнуaри 2018. Станува збор за мелодијата „Немој веќе да ме чекаш“.

Сaмиoт прoстoр вo фоајето на новиот МНТ, зaеднo сo убaвaтa и несекoјдневнa музикa нa ,,Триo Џентлмен”, со аромата на убави вина и убaви гoсти, јa нaпрaвија oвaa прoмoцијa различна и специфична.

Кaкo штo би кaжaле членовите нa триoтo, a и нивнaтa публикa:, очекувaнo беше oд ,,Трoјцaтa Гoспoдa” дa имaaт вaквa гoлемa и специфичнa прoмoцијa.

Музиката за оваа песна е на Григор Копров (на фотосот долу), текстот на Огнен Неделковски, а аранжманот на Владимир Дојчиновски.

На „Охрид фест 2017“ настапија на покана на организаторите и ја освоија третата награда и од жири и од публика.

„Трио Џентлмен” е составено од тројца оперски пејачи: Дејан Стоев- тенор, Кристијан Антовски- баритон и Дарко Нешовски- тенор, кои настапуваат во земјава и странство.

Дел Рио Филмс“ го изработи видеоспотот по сценарио и режија на Александар Николоски. Амел Амед е директор на фотографија, а продуцент Оливер Ромевски.

На нивната Фб страница можете да погледнете фотографии од атмосферата за време на промоцијата, од каде ги превземаме овие фотографии.

Вашето мислење