„Трио Џентлмен“ сними спот за „Немој веќе да ме чекаш“

„Трио Џентлмен“ сними спот за „Немој веќе да ме чекаш“

На 28 јануари (недела), од 19 часот во МНТ, „Трио Џентлмен“ промовира спот за песната „Немој веќе да ме чекаш“, со која освоија награда, на „Охрид фест 2017“.

Музиката е на Григор Копров, текстот на Огнен Неделковски, а аранжманот на Владимир Дојчиновски.
„Дел Рио Филмс“ го изработи видео спотот по сценарио и режија на Александар Николоски. Амел Амед е директор на фотографија, а продуцент Оливер Ромевски.
„Трио џентлмен“ е составено од тројца оперски пејачи Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Дарко Нешовски – тенор, кои настапувале во земјава и во странство.

Вашето мислење