Триумф на Пепа на Поп вечерта

Триумф на Пепа на Поп вечерта

Таа со  песната  „Барем јави се „ ја освои  првата награда на публиката, наградата за најдобра интерпретација и награда за најдобар сценски настап.Сепак  најмногу емоции и аплаузи предизвика  полчасовниот величествен  настап на  Маја Оџаклиевска   на која   наградата за животно дело и ја предаде  претседателот на Советот на  фестивалот   Трифун  Костовски.

Во рамките на  Поп вечерта  беа премиерно изведени 18  мелодии

НАГРАДИ ВО ПОП ВЕЧЕРТА НА „ОХРИД ФЕСТ – ОХРИДСКИ ТРУБАДУРИ 2016“

 

Наградата за најдабар аранжман ја доби авторот Благој Маротов за аранжманот на песната „Слатка казна“

Наградата *Ѓоко Георгиев* за најдобар текст ја освои Ристо Самарџиев за текстот на песната „Мило мое најмило“

Наградата за најдобар дебитант ѝ припадна на Тамара Ангеловска

Наградата за најдобра интерпретација ја освои Пепа, која ја исплони мелодијата „Барем јави се“

Наградата за најслушана песна меѓу двата фестивала ја освои песната „Без тебе  не знам јас* во изведба на Влатко Илиевски

Наградата за најдобар сценски настап ја освои Пепа

Специјалната награда „Долни Сарај“ ја освои песната „Укради ми го срцето“ во изведба на Ѓоко Танески

Третата награда на жирито ѝ припадна на мелодијата „Жешко“ во изведба на Зои Блаж

Втората награда на жирито ѝ припадна на мелодијата „Опиј ме“ која ја исполни Џина Паппас Џокси

Првата награда на жирито ѝ припадна на мелодијата „Без тебе“ која ја исполни Лена

Третата награда на публиката ја освои песната „Жешко“ во изведба на Зои Блаж

Втората награда на публиката ја освои песната „Како првиот пат“ во изведба на Влатко Илиевски

Првата награда на публиката односно победник на Поп вечерта е песната „Барем јави се“ која ја исполни Пепа

 

Како гласаше жирито на публиката

 

1.Зоран Далчевски – Срце во илјада бои              4

2 .Дејан Тасев – Сакам да знам                               8

3.Ема – Најдобро                                                        29

  1. Стефан Јовановски – Мала опасна                14

5 .Жармена Китрозоска – Мала колку ѕвездите  17

6.Даниел Крстевски – Скриена                               36

7.Зоран Илиев – На тебе мириса                             27

8.Тамара Ангеловска – Заборави                            25

9.Маротов Бенд – Слатка казна                               41

10.Мартинијан Кириловски – Тело до тело            31

11.Џина Паппас Џокси – Опиј ме                            23

12.Зои Блаж – Жешко                                                79

13.Ѓоко Ѓорчев – Љубов ветена                              45

14.Лена – Без тебе                                                      34

15.Влатко Илиевски – Како првиот пат                  83

16.Пепа – Барем јави се                                            89

17.Ѓоко Таневски – Укради ми го срцето               67

18.Александра Јанева – Мило мое најмило         47

Фотографии од  Поп вечер  –  Горан Димов

 

 

Вашето мислење