Хелена Благне и Јасмин Ставрос со весела дуетска песна

Хелена Благне и Јасмин Ставрос со весела дуетска песна

Словенечката поп дива Хелена Благне, победничка на „Охрид фест 2016“ и познатиот хрватски пејач Јасмин Ставрос снимија весела медитеранска песна. И двајцата ги поврзува тоа што имаат настапувано на сцената на „Охридски трубадури- Охрид фест“ и имаат освојувано награди.

„Дајем брдо злата“ е насловена новата песна и она што изненадува Хелена за прв пат запеа во фолк манир.

Топлите медитерански ноти и животната енергија се препознаваат во оваа песна, за која Хелена вели:

-Јасмин Ставрос несомнено е еден од најпознатите хрватски изведувачи и секако одличен музичар. Нашите гласови во оваа песна се надополнија и тоа на песната му дава посебна магија.

Спотот е сниман во Словенија со познатиот словенечки режсиер Рок Мавера.

-Хелена и јас се знаеме долги години, и идејата за снимање дует некако дојде како логичен след. Минатата година на еден заеднички настап решвиме да ја реализираме таа идеја.Песната „Дајем брдо злата“ ни се допадна и ја снимивме. Секој од нас има своја публика и мислам дека тоа ќе биде изненадување за нашите слушатели. Реакциите засега се одлични, а ми е драго што имаме договорено некои заеднички концерти низ Словеија. Песната е направена во грлки мелос, така ја замисливме и задовлони сме, рече Ставрос.

Автор на песната е Душан Бачиќ, кој работел и со Северина, со Јелена Розга, Неда Украден и други. Издавач е „Менарт“.

Хелена победи на „Охрид фест 2016“ со песната „Нека е со помин“  на композиторот Љупчо Мирковски, текстописецот Огнен Неделковски и аранжерот Дамир Имери. На првиот „Макфест“ во 1986 триумфираше со „Кога те нема“ додека на „Еврофест 1999“ со „Срце веќе не давам“.

За нејзината македонска музичка приказна вели дека наликува на бајка.

Вашето мислење