ХОТЕЛ NOVA RIVIERA – генерален покровител

ХОТЕЛ NOVA RIVIERA – генерален покровител

Хотелот  НОва Ривиера  ќе  биде  генерален покровител  на Интернационалниот  музички  фестивал  *Охрид  фест – Охридски  трубадури 2017 * .Овој  познат  хотелско –угостителски  објект   кој се наоѓа  во центарот на  Охрид , на  самиот  кеј од  Охридското езеро, ќе биде  центар на сите   годинешни фестивалски случувања.

Во  хотелот  ќе бидат сместени  сите  пејачи ,музичари и гости на фестивалот.Тука   ќе биде сместен  и  прес центарот  во  кој ќе се одржуваат  прес конференциите и  разните промоции.

Исто така се  предвидува, секоја вечер по завршувањето на фестивалските програми   тука да се организира   забава за  сите учесници  и љубители на музиката  во која  ќе земат учество познати  пејачки имиња.

Фестивалот   годинава  се сели од  Долни Сарај    во центарот на  Охрид  – фестивалската сцена ќе биде изградена на потегот  меѓу  хотелот  НОва Ривиера и  брегот на Охридското езеро, и тоа  ќе овзможи поголема комуникација  меѓу организаторите, пејачите,техниката и новинарите и  ќе ги намали нервозите околу секојдневните  патувања  од  хотелите  до  фестивалската  сцена и назад.

Хотелот   НОва Ривиера  е комлетно реновиран   а собите и услугата се  на највисоки стандарди  што сето дава  одлични услови    пејачите и гостите  да поминат  убави фестивалски денови

 

Hotel  Nova Riviera  -Ohrid

Kej Makedonija Br. 4 -Ohrid

++389 46 209 900

contact@novariviera.mk

 

 

 

Вашето мислење