Охрид Фест – Охридски трубадури,  фестивал најмоќен за регионално и интернационално претставување и брендирање

Видливоста од над 200 милиони гледачи и 200 часа директен пренос на дваесетина телевизии, годинава ќе биде надополнета со присуство на околу 70 пејачи на Фестивалот, како и со бројни пратечки настани и забави, меѓу кои и самото доделување на наградите.

Почитувани,

Доколку Ви требаат  видливост, брендирање или претставување, Ви предлагаме деловна соработка со интернационалниот музички фестивал  Охрид Фест – Охридски трубадури.

Фестивалот што спаѓа во редот на најстарите во земјава е и единствениот што ги надмина, нашите, регионалните и европските граници, со видливост од над 200 милиони гледачи и 200 часа директен пренос на дваесетина телевизии и музички канали.

Досега не следеа и пренесуваа: Балканика, Пајнер и Фен од Бугарија, Тв Визион Плус – Албанија,  Тв Бел Ами, Тв Коперникус и Тв Свет Плус од Србија ,Тв Z1 – Хрватска,Тв Хајат – Босна и Херцеговина.

Македонските љубители на музиката  не следеа најчесто преку преку МТВ, но и  ИН телевизија – Охрид, INFEL – кабловска  телевизија, ТВ  Куманово, ТВ Сонце, ТВ Стар, ТВ Плус, ТВ Свет, ТВ  МТМ и ТВ ВИС. Преносите кои ги емитуваше Македонската радио телевизија преку сателитската програма можеа да ги следат и гледачите од Америка, Австралија , Азија и Европа.

Фестивалот годинава ќе се одржува од 5 до 7 септември, а со инфо – промотивните активности, во делот на дигиталниот маркетинг и социјалните медиуми, можеме да почнеме веднаш по потпишувањето на договорот.

Се на Охрид Фест – Охридски трубадури во септември ќе биде подредено на музиката и на претставувањето на учесниците, спонзорите и на покровителите. 

Годинешните спонзорски пакети се : ГЕНЕРАЛЕН СПОНЗОР, ЕКСКЛУЗИВЕН СПОНЗОР, СПОНЗОР НА ВЕЧЕР и СПОНЗОРСКИ НАСТАН

Пакетите содржат:

  • Емитувања на спот во директниот интернет пренос од фестивалските вечери;
  • Кајрон –реклама поставена во преносот од фестивалските вечери;
  • Претставување на Вашата компанија од страна на водителите, а според дефинирано сценарио;
  • Учество на претставник на Вашата компанијата во жирито на Фестивалот;
  • Спонзорска маса за следење на Фестивалот
  • Лого присуство на фестивалската презентацијата на прес конференциите, како и на просторот на прес центарот;
  • Лого обава на печатени и промо материјали: плакат, каталог, видео-ѕид, флаер…;
  • Лого објава на фестивалските влезници; 
  • Лого присуство на сајтот и на ФБ страната „Охрид Фест – Охридски трубадури„,
  • Лого објава на ДВД од сите фестивалски вечери;
  • Рекламно присуство на видео ѕидот за време-траење на фестивалските вечери;

Предлог-понудата  е со отворени пакети, а може да биде надополнета со Ваша презентација, промоција или реализација на деловна средба. Сето ќе биде во функција на видливоста и брендирањето на Вашата компанија. 

СПОНЗОРСКИ НАСТАН – ИЗЛОЖБА, ПРЕЗЕНТАЦИЈА, ПРОМОЦИЈА- на заинтересираните спонзори им овозможува видливост и брендирање преку заедничка организација на дополнителни промотивни содржини. Се организираат заеднички – финансискиот надомест е по договор.

Стоиме на располагање за сите дополнителни информации.

Дирекција на „Охрид Фест –Охридски трубадури“