“Бони ем” и Маја Оџаклиевска со шоу програми на “Охридски трубадури”

“Бони ем” и Маја Оџаклиевска со шоу програми на “Охридски трубадури”

“Бони  ем” и Маја Оџаклиевска

со шоу програми на “Охридски трубадури”

 

Организаторите на  интернационалниот музички  фествал “Охрид фест –Охридски трубадури”, на прес конференцијата која се одржа во хотелот  Александар палас, за  23-то издание на  фестивалот    најавија  прекрасна забава и  добра музичка  програма   во  која главни звезди  ќе бидат  светски познатата група  “Бони ем” и  една од  најдобрите  балкански пејачки- Маја Оџаклиевска на која  годинава  ќе и биде доделена наградата за животно дело.

Фестивалот   ќе се одржи на летната сцена во Долни Сарај во  Охрид  од 22 до 25  август.”Охридски трубадури” ќе бидат отворени со програмата “Чунга лунга”  на која ќе бидат  изведени дваесетина песни за деца.

Наредниот ден ќе се одржи Фолк вечерта на  која ќе настапат , Ленче Дедејска,  Барбара Јаковлевска, Драган Драгаш, Скопски Боеми, Соната, Маестро, Петар Нечовски ,Милован Секуловски , Мирко Вретовски, Лина Жаклина ,Иван Радевски, Руса Андова, Александар Цветковски, Фазли Луик, Ибуш Ибраимовски, Даниел Тодев, Дуле Зрновски…..

На  Поп  вечерата (24 август) со свои нови песни ќе се претстават  Наде Талевска, Наташа Малинкова, Пепа, Зоран Илиев, Мартинијан Кириловски, Џокси, Ѓоко Ѓорчев, Лена, Александра Јанева, Ѓоко Таневски ,дуото Моротови  а своја шоу програма  ќе има  Маја Оџаклиевска во која ќе слушнеме дел од нејзините многубројни хитови – *Многу солзи“ ,  „Шила“ ,„Лиду лидуду“,„Не допирај ме“ , „Биди добар како што сум јас“ , или „Среќо кажи“ .

Во Интернационалната програма  покрај македонските пејачи  со наградените песни од Поп вечерта ќе настапат и  познати балкански пејачи  како што се  Хелена Благне, Анабела, Игор Цукров, Срѓан Марјановиќ…. и звездите на фестивалот  групата *Бони ем*

Ексклузивните права за пренос на ” Охрид фест- Охридски трубадури  2016″ го има ТВ 21.Преку сателитскиот  сигнал на  оваа телевизија ,случувањата на  фестивалската сцена во Долни Сарај  во Охрид , ќе  ги превземат  TВ Балканика – Бугарија,ТВ Бел ами – Србија,ТВ Коперникус – Србија, ТВ Свет плус – Србија,  ТВ Z1 – Хрватска, ТВ Хајат – Босна и Херцеговина,ТВ Визион плус – Албанија,  и најверојатно  ТRT – Турција и ТВ Шансона – Русија

Организаторот на фестивалот им изрази голема благодарност на Министерството за култура на Македонија и на Собранието на град Охрид  за безрезервната подршка  како и на генералните покровители Еуростандард банка и  Негорски бањи.Исто така  домаќините  ја истакнаа и големата подршка од страна на градежната компанија “Бауер”  која е главен спонзор на интернационалната вечер”Бауер” и на Телевизија  “МОдел”

Сите информации во врска со фестивалот  “Охрид фест- Охридски трубадури” од идниот понеделник ќе можете да ги најдете на веб станата на фестивалот

www.ohridskitrubaduri.mk

E-mail  ……. press@ohridskitrubaduri.mk

PRESS 11 juli  4

PRESS  11 juli  2

Вашето мислење