Другите за нас

Другите за нас

utrinski_logo

 

 

 

„Бони ем“ специјални гости на „Охрид-фест – Охридски трубадури“

1

Локацијата на фестивалот ја има старата атракција: летната сцена на Долни Сарај, а периодот кога песната ќе ечи низ Охрид е од 22 до 25 август

Еден од нашите најпопуларни фестивали со интернационална димензија, „Охрид- фест – Охридски трубадури“, и годинава, покрај богатата програма од областа на поп и фолк музиката, најавува бројни изненадувања.

Локацијата на фестивалот ја има старата атракција: летната сцена на Долни Сарај, а периодот кога песната ќе ечи низ Охрид е од 22 до 25 август.

Ова 23. издание на фестивалот, во четирите фестивалски вечери „Чунга лунга“, „Фолк вечер“, „Поп вечер“ и „Интернационална програма“, ќе биде пренесувано од 15 балкански телевизии.

Најавени се настапи на атрактивни домашни и странски пејачки имиња, од кои како гости во интернационалната вечер ги издвојуваме: Хелена Благне, Срѓан Марјановиќ и групата „Бони ем“, како специјални гости во ревијалната вечер.

Маја Оџаклиевска ќе добие награда за животно дело и ќе има свое специјално шоу во рамките на поп вечерта.

11.07.2016, 15:11

******************************************************************************

logo_vest

 

 

 

ФЕСТИВАЛОТ, ПО 23. ПАТ, ВО ДОЛНИ САРАЈ ОД 22 ДО 25 АВГУСТ

“Бони М” на Охридски трубадури”

Германската поп-група “Бони М” ќе настапи на фестивалот “Охрид фест – охридски трубадури”, кој ќе се одржува од 22 до 25 август во Охрид, на сцената во Долни Сарај.
Раководството на фестивалот, на вчерашниот прес во Скопје, најави дека “Бони М”, легендарните дискокралеви од седумдесеттите, доаѓаат во Охрид, како ревијални гости на последната интернационална вечер на 25 август, во актуелниот состав во кој членува Лиза Мичел од оригиналниот состав на групата

2.

Словенечката поп-дива Хелена Благне, поп-пејачката Анабела од Србија, хрватскиот пејач Игор Цукров се дел од натпреварувачите во интернационалната вечер. Фестивалот, кој годинава се одржува по 23. пат, почнува на 22 август со детската вечер, фестивалот “Чунга лунга”. На 23 август е фолк-вечерта, на која настапуваат Благица Павловска, Горан Кукиќ, Ленче Дедејска, Ибуш Ибраимовски и други, со песни во духот на македонската серенада. Наде Талевска, Наташа Малинкова, Ѓоко Танески, Пепа, Александра Јанева се дел од поп-вечерта на 24 август, а фестивалот завршува утредента, со интернационалната вечер.
Претседател на Советот на фестивалот годинава ќе биде познатиот бизнисмен Трифун Костовски, директор и основач на фестивалот е Григор Копров. Уметнички директор на детската и на фолк-вечерта е Цане Петров, на поп-вечерта Илија Спасов, а на интернационалната – Миодраг Врчаковски. Годинава, фестивалот ќе го пренесуваат “ТВ 21” и уште десетина телевизии од Србија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Русија, Словенија. Секоја од вечерите ќе започне со мини туристичка разгледница на Охрид. Водител на фестивалот “Чунга лунга” ќе биде Жанко Голабовски, на фолк-вечерта – Кристина Тимовска од “Сител”, а Петар Горко ќе биде водител на поп и на интернационалната вечер. (М.Џ.)

Популарноста на “Бони М”

“Бони М” е германска дискогрупа, која најголемите светски успеси ги имаше кон крајот на седумдесеттите и на почетокот од осумдесеттите години. Ја формираше Френк Фаријан во 1975 година. На почетокот, тој сам ги пееше сите гласови, а подоцна “Бони М” доби четворица постојани членови: Боби Фарел, Лиз Мичел која е членка на актуелната постава на групата, Маизи Вилијамс и Марсија Барет, сите со потекло од Карибите. Најголемата популарност ја постигнаа со песните “Деди кул”, “Распутин”, “Реките на Вавилон” (Риверс оф Вавилон).
Фарел беше отпуштен од групата во 1982 година поради низок морал, а повторно се врати во 1982 година. Групата сосема се распадна во 1990 година, а основачот, Френк Фаријан, заедно со Лиза Мичел, основаше своја верзија на “Бони М”. Дури и денес постојат неколку групи што имаат право на името “Бони М”, и така се нарекуваат. Боби Фарел почина на 30 септември 2010 година, за време на една турнеја во Санкт Петербург.

Награда за животно дело за Маја Оџаклиевска

Како специјална гостинка во ревијалниот дел на поп-вечерта, на 24 август, доаѓа Маја Оџаклиевска, еден од најдобрите вокали во поранешна Југославија, со свое шоу со најголемите хитови. Таа ќе добие и награда за животно дело на “Охрид-фест”.

 

n_makedonija_logo

 

 

 

3

 

„Бони ем“ и Маја Оџаклиевска

главни ѕвезди на „Охридски трубадури

149

Групата „Бони ем“ и Маја Оџаклиевска ќе бидат главни ѕвезди на интернационалниот музички фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури“, кој е закажан на летната сцена во Долни сарај во Охрид од 22 до 25 август. Најавено е и дека наградата за животно дело ќе ѝ припадне на Маја Оџаклиевска.

Програмата ќе стартува со „Чунга лунга“ на која ќе бидат изведени дваесетина песни за деца. Наредниот ден на фолк-вечерта ќе настапат Ленче Дедејска, Барбара Јаковлевска, Драган Драгаш, „Скопски Боеми“, „Соната“, „Маестро“, Петар Нечовски, Милован Секуловски, Мирко Вретовски, Лина Жаклина, Иван Радевски, Руса Андова, Александар Цветковски, Фазли Луик, Ибуш Ибраимовски, Даниел Тодев, Дуле Зрновски и други. На поп-вечерата на 24 август со свои нови песни ќе се претстават Наде Талевска, Наташа Малинкова, Пепа, Зоран Илиев, Мартинијан Кириловски, Џокси, Ѓоко Ѓорчев, Лена, Александра Јанева, Ѓоко Таневски, дуото „Моротови“, а своја шоу-програма ќе има Маја Оџаклиевска во која ќе слушнеме дел од нејзините многубројни хитови „Многу солзи“, „Шила“, „Лиду лидуду“, „Не допирај ме“, „Биди добар како што сум јас“, „Среќо кажи“ и други.

Во интернационалната програма покрај македонските пејачи со наградените песни од поп-вечерта ќе настапат и познати балкански пејачи како што се Хелена Благне, Анабела, Игор Цукров, Срѓан Марјановиќ и групата „Бони ем“ – соопштија организаторите на „Охридски трубадури 2016“.

 

Ohrid press

4

 

Легендарните „Бони Ем“ ревијални гости на „Охрид фест“

Охрид, 12. јули 2016 (ОХРИДПРЕС) – Фестивалот „Охрид- фест – Охридски трубадури“, и годинава, ќе понуди богата програма од областа на поп и фолк музиката.

Најавени се настапи на атрактивни домашни и странски пејачки имиња, од кои како гости во интернационалната вечер ги издвојуваме: Хелена Благне, Срѓан Марјановиќ и групата „Бони ем“, како специјални гости во ревијалната вечер. Маја Оџаклиевска ќе добие награда за животно дело и ќе има свое специјално шоу во рамките на поп вечерта.

Локацијата на фестивалот ја има старата атракција: летната сцена на Долни Сарај, во периодот од 22-ри до 25-ти август. Новото 23-то издание на фестивалот, во четирите фестивалски вечери „Чунга лунга“, „Фолк вечер“, „Поп вечер“ и „Интернационална програма“, ќе биде пренесувано од 15 балкански телевизии. (Крај)

 

Text.mk

„Бони Ем“ ќе пеат на „Охрид фест 2016“

 

5

 

Светски познатата група од седумдесеттите и осумдесеетите години на минатио век, „Бони М“ (позната како „Бони Ем“), ќе изведе свое ревијално шоу на „Охрид фест 2016“, најави денес организаторот.
Тие ќе настапат на последната, Интернационалната вечер, на 25 август во Охрид, кога се очекува свое шоу да има и Маја Оџаклиевска.
Фестивалот ќе се одржи од 21 до 25, со вечер за детски песни, фолк вечер, поп вечер, и Интернационална вечер.
„Бони М“ се очекува да предизвикаат големо внимание кај разни генерации.

 

Публицитет.мк –Охрид

„Бони ем“ ќе пеат а Маја Оџаклиевска со награда за животно дело на „ОХРИД ФЕСТ – ОХРИДСКИ ТРУБАДУРИ 2016“

Од 22 до 25 август на летната сцена Долни Сарај во Охрид ќе се одржи 23-то Издание на интернационалниот музички фестивал  Охридски трубадури 2016. Македонскиот Сан Ремо ќе понуди забавна програма исполнета со преку стотина песни.

Организаторите на интернационалниот музички фествал *Охрид фест –Охридски трубадури*, на прес конференцијата која се одржа во хотелот Александар палас, за 23-то издание на фестивалот најавија прекрасна забава и добра музичка програма во која главни ѕвезди ќе бидат светски познатата група *Бони ем* и една од најдобрите балкански пејачки- Маја Оџаклиевска на која годинава ќе и биде доделена наградата за животно дело.

*Охридски трубадури* ќе бидат отворени со програмата *Чунга лунга на која ќе бидат изведени дваесетина песни за деца.

Наредниот ден ќе се одржи Фолк вечерта на која ќе настапат: Ленче Дедејска, Барбара Јаковлевска, Драган Драгаш, Скопски Боеми, Соната, Маестро, Петар Нечовски ,Милован Секуловски , Мирко Вретовски, Лина Жаклина, Иван Радевски, Руса Андова, Александар Цветковски, Фазли Луик, Ибуш Ибраимовски, Даниел Тодев, Дуле Зрновски…

6

 

На Поп вечерата (24 август) со свои нови песни ќе се претстават: Наде Талевска, Наташа Малинкова, Пепа, Зоран Илиев, Мартинијан Кириловски, Џокси, Ѓоко Ѓорчев, Лена, Александра Јанева, Ѓоко Таневски ,дуото Моротови а своја шоу програма ќе има Маја Оџаклиевска во која ќе слушнеме дел од нејзините многубројни хитови – *Многу солзи“ , „Шила“ ,„Лиду лидуду“,„Не допирај ме“ , „Биди добар како што сум јас“ , или „Среќо кажи“ .

Во Интернационалната програма покрај македонските пејачи со наградените песни од Поп вечерта ќе настапат и познати балкански пејачи како што се Хелена Благне, Анабела, Игор Цукров, Срѓан Марјановиќ…. и ѕвездите на фестивалот групата *Бони ем*
Ексклузивните права за пренос на * Охрид фест- Охридски трубадури 2016 * го има ТВ 21.Преку сателитскиот сигнал на оваа телевизија ,случувањата на фестивалската сцена во Долни Сарај во Охрид , ќе ги превземат TВ Балканика – Бугарија,ТВ Бел ами – Србија,ТВ Коперникус – Србија, ТВ Свет плус – Србија, ТВ Z1 – Хрватска, ТВ Хајат – Босна и Херцеговина,ТВ Визион плус – Албанија, и најверојатно ТRT – Турција и ТВ Шансона – Русија.
Организаторот на фестивалот им изрази голема благодарност на Министерството за култура на Македонија и на Собранието на град Охрид за безрезервната подршка како и на генералните покровители Еуростандард банка и Негорски бањи.Исто така домаќините ја истакнаа и големата подршка од страна на градежната компанија *Бауер* која е главен спонзор на интернационалната вечер*Бауер* и на Телевизија *Модел*

Годинава Претседател на Советот на фестивалот *Охридски трубадури* е познатиот бизнисмен и голем љубител на музиката Трифун Костовски, директор на фестивалот е Григор Копров, уметнички директор на *Чунга лунга* и *Фолк вечер* е Цане Петров, уметнички директор на * Поп вечер* е Илија Спасов а уметнички директор на Интернационална вечер Миле Врчаковски.